Брза диета со суви сливи

Брза диета со суви сливи

Сувите сливи не претставуваат само вкусна ужина, туку и се одлични за коските бидејќи ги зајакнуваат. Тие содржат витамин К, кој е многу важен за коските, но и за згрутчувањето на крвта. Нивните растворливи влакна ја забавуваат апсорпцијата на гликоза и го стабилизираат нивото на шеќер во крвта.

Брза диета со суви сливи

Диетата со суви сливи спаѓа во оние „брзи“ диети и може да се практикува максимум 5 дена и тоа само за одредена потреба. Па така, доколку ве очекува важен состанок, прослава или нешто слично, можете набрзина да симнете од 2 до 5 килограми зависно од вашиот организам, за да изгледате одлично на настанот.

Оброците треба да се консумираат на секои 3 часа, а вашето дневно мени треба да изгледа вака:

Појадок: 6 суви сливи

Ужина 1: јаболко

Ручек: варено јајце и варена виршла

Ужина 2: иста како и ручекот

Вечера: чаша јогурт со ниска масленост

Покрај тоа што треба да го почитувате овој строг режим на исхрана, добро е и да бидете физички активни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар