Брз и вкусен: Рецепт за чоколаден ролат
Денес ви споделуваме рецепт за чоколаден ролат – вкусен, брз и лесен за правење, кој може да се чува неколку дена.
Потребни состојки:
- 120 грама шеќер
- 100 милилитри вода
- 120 грама маргарин за колачи
- 200 грама чоколада за готвење
- 200 грама мелени бисквити
- 100 грама ситно искршени бисквити
- 50 грама мелени ореви
- 80 грама крупно сечкани ореви
- 100 грама суво грозје (или брусница)
Начин на подготовка:
1. Во тенџере сипете вода, додадете шеќер, па ставете го на шпорет. Кога шеќерот ќе се растопи и водата ќе зоврие, додадете маргарин и чоколадо искршено на парчиња. Тргнете го тенџерето од шпорет и мешајте со лажица додека не се стопат маргаринот и чоколадото.
2. Додадете ги сите други состојки освен шеќерот во прав (само постепено додавајте мелени бисквити, можеби нема да ви треба целата количина) и измешајте.
3. Оставете ја смесата да се излади околу 10 минути, а потоа поделете ја на два еднакви дела. Секој дел завиткајте го посебно во проѕирна фолија, формирајќи ролат.
4. Ставете ги во фрижидер да се стегнат. Потоа извадете ја фолијата и посипете го ролатот со шеќер во прав. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за здрав десерт без шеќер, готов за 10 минути.
Извор: sensa.mondo.rs