Брз и вкусен напиток за слабеење со тиквички

Брз и вкусен напиток за слабеење со тиквички

Денес ви споделуваме рецепт за пијалак од тиквички кој е идеален за слабеење! Тиквичките не само што содржат малку калории туку и помагаат за варење на храната и отстранување на масните наслаги.

Брз и вкусен напиток за слабеење со тиквички

Тиквичките се дел од омилените намирници на многумина, полни со вода, витамини, минерали и хранливи материи. Иако сме навикнати да приготвуваме разни солени јадења па дури и колачи од тиквички, сепак тие се идеалната намирница и за напитоците за слабеење.

Тиквичките се полни со растителни влакна кои позитивно ќе влијаат врз процесот на варење на храната, но и ќе помогнат при регулирањето на апетитот. Освен тоа, тие ја намалуваат апсорпцијата на маснотии и се корисни во диетата која има за цел да го намали нивото на холестеролот и триглицеридите. Во продолжение ви споделуваме рецепт за слабеење со тиквички.

Потребни состојки:

  • 1 јаболко
  • 2 помали зелени тиквички
  • 4 листови кељ
  • 1 парче ѓумбир
  • ½ лимон

Начин на подготовка:

1. Ставете ги сите состојки во блендер и измешајте ги – ќе добиете густ и здрав сок.

2. Ви препорачуваме да пиете по една чаша дневно како ужина помеѓу оброците.

Откако го прочитавте нашиот рецепт за пијалак од тиквички, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусно смуди со јагоди што помага при слабеењето.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар