Брз и евтин оброк: Макарони со сирење во шолја

Брз и евтин оброк: Макарони со сирење во шолја

Макарони со сирење во микробранова, готови за само неколку минути

Без и евтин оброк: макарони со сирење во шолја

Потребни состојки за една шолја:
  • 50 грама макарони
  • 120 мл вода
  • 60 мл млеко
  • 40 грама рендано чедар (или какво било друго) сирење
Начин на подготовка:
  1. Ставете ги макароните и водата во голема шолја или мала длабока чинија.
  2. Ставете го садот во микробранова и гответе на најсилно две минути, а потоа измешајте. На моменти водата може да истече од шолјата, но тоа не е страшно. Доколку не сакате тоа да се случува, гответе во поголема чинија.
  3. Повторно ставете ја шолјата во микробранова и гответе барем уште две до четири минути, при што на секои две минути ќе ја вадите за да промешувате. За ова време макароните треба целосно да ја апсорбираат водата и да се зготват. Доколку тоа не е случај, продолжете ја истата постапка колку што е потребно.
  4. Потоа додајте ги млекото и ренданото сирење, измешајте и гответе во микробранова уште една минута. Тогаш вашиот оброк е спремен за јадење.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар