Брз домашен сладолед од јагода и банана

Брз домашен сладолед од јагода и банана

Замрзнат и сладок вкус за жешки денови

Брз домашен сладолед од јагода и банана

Потребни состојки:
  • 150 г јаготки
  • 120 мл јогурт
  • 2 супени лажици мед или јаворов сируп
  • ½ банана
Начин на подготовка:

Во блендер изблендајте ги јаготките заедно со 1 лажица мед. Во мал сад полејте го јогуртот и додајте една супена лажица од пирето од јаготки и уште една лажица мед. Наполнете ги пластичните чаши со смесата од јогурт и јаготки, наизменично додавајќи парчиња јаготки и банана.

Во средина на секоја од чашите ставете дрвено стапче и оставете да отстојат во замрзнувач 4 часа. За да ги одделите сладоледите од чашите, поставете ги под млаз жешка вода.

Медот или јаворовиот сируп може и воопшто да не го употребите. Доколку одлучите така, постапката останува иста само не додавате засладувач.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Anonimen Reply

    Bravo

Остави коментар