Претходно
Брз десерт од кокос и чоколадо
За овој вкусен десерт не ви е потребен миксер ниту вага. Нема егзотични состојки, а ако сакате, можете да си играте и да додадете суво грозје, јаболка или круши.
Потребни состојки:
- 120 милилитри павлака
- 120 милилитри јогурт
- 240 милилитри млеко
- 80 милилитри масло
- 130 г кокосово брашно или кокосови струготини
- 1-2 ванилин шеќер
- 250 г брашно
- 1 лажица гриз
- 1 лажичка прашок за пециво
Глазура:
- 100 г црно чоколадо
- 2 лажици масло
Начин на пдготовка:
- Измешајте го шеќерот во малку млеко за да се стопи.
- Одделно измешајте ги сувите и влажни состојки, потоа измешајте ги заедно и префрлете ги во помал сад за печење или калап за помали колачи кои ќе ги посипете со брашно за да не се залепи тестото.
- Печете околу 25-30 минути на 180°C и користете чепкалка за заби за да проверите дали вашиот десерт е готов. Ако е чисто, без трошки од тесто, подготвено е да се извади од рерна.
- Кога колачот ќе се испече, извадете го и прелијте го со чоколадната глазура додека е уште врела.
- Направете чоколадна глазура со топење на чоколадните коцки за готвење на пареа и со мешање со маслото.
Можеби ќе сакате да ја пробате и оваа мињон торта – богата торта со две глазури.