Брутално искрени вистини кои треба да ги знаете ако сте се вљубиле во вашиот најдобар пријател
Кога ќе влезете во врска со вашиот најдобар пријател, вие добивате многу: заштитник, висока самодоверба, како и решителност да ја одржите вашата врска во живот. Од друга страна пак, истовремено нешто и губите, но и постојано учите. Па, доколку сте вљубени во вашиот најдобар пријател и не знаете што да правите, прочитајте ги следниве вистини за овој вид романтична врска.
1. Ќе знаете точно што тој/таа размислува, постојано
Вие нема да мора да се трудите да ги читате мислите на вашиот најдобар пријател бидејќи веќе знаете што тој или таа ќе каже. И покрај тоа што врската со нова личност на почетокот најчесто вклучува и претерано анализирање на секој чекор, вие нема да мора да ги играте овие игри на погодување бидејќи знаете што точно се случува.
2. Да се има секс е смешно… на почетокот
Вие имате разменето толку многу приказни за сексуални средби со други луѓе, но никогаш ни на крај памет не ви паѓало дека и вие би можеле да се впуштите во истите. Токму затоа големи се шансите дека ќе имате неколку неуспешни обиди со смеење бидејќи едноставно нема да ви се верува дека токму тоа се случува сега помеѓу вас. Но, откако неколку пати ќе бидете интимни, насмевките ќе се намалат и романсата ќе го заземе нивното место, а сексот ќе ви биде одличен.
3. Ќе посакувате да има повеќе часови во денот
Вие дефинитивно ќе сакате повеќе време бидејќи на почетокот нема да можете да ги тргнете рацете еден од друг. Сега кога можете да ги правите сите оние нешта кои ви биле незамисливи како пријатели, ќе ви биде потребно време да го надоместите пропуштеното. Но, сепак не заборавајте и на другите луѓе во вашиот живот, како семејството и останатите пријатели.
4. Нема да престанете да се исмејувате
Доколку отсекогаш сте го исмејувале за неговата опсесија со одредена видео игра или пак, доколку тој се шегувал со вашиот избор на маички кои според него ги бркаат мажите, тогаш тоа дефинитивно нема да престане доколку влезете в врска. Единствената разлика помеѓу претходните шеги и овие е што најверојатно ќе завршат со нежен бакнеж на челото наместо разигран удар во рамото.
5. Постои еден вид страв кој постојано ќе ве следи
Вие би можеле да ја изгубите најважната личност во вашиот живот, онаа која ја има улогата на вашиот најдобар пријател покрај тоа што ви е момче или девојка. И покрај тоа што се обидувате да не размислувате на оваа тема, понекогаш таа ви паѓа напамет и е проследена со огромна анксиозност. Но, доколку помеѓу вас има недоразбирања, најдобро би било доколку побарате совет и од трета личност, како вашите родители или блиски пријатели.
6. Плановите за вечера се организираат многу едноставно
Најверојатно вашите планови за вечера ќе се одвиваат на следниов начин: „Сакаш да одиме на пица на она место каде што бевме еднаш?“ „Да.“ И најверојатно ќе ја поделите сметката, исто како што сте правеле претходно.
7. Ќе почнете да се карате порано отколку што сте мислеле
Вие никогаш не сте плашеле да му/ѝ кажете како навистина се чувствувате, па токму затоа тоа нема да се смени ни сега. Доколку сте лути, постојат големи шанси дека ќе му/ѝ го кажете тоа во истиот момент кога ќе се појави проблемот. Вашиот најдобар пријател веќе знае до каде ви се границите, но сепак вие нема да размислите два пати пред да го/ја потсетите.
8. Ќе почнете да се грижите како изгледате пред него или неа
Вашиот најдобар пријател сигурно ве видел во секое светло, но во тие момент неговото мислење за вашиот изглед ни најмалку не ве интересирало. Бидејќи сега вашиот статус е променет, вие ќе почнете почесто да се дотерувате кога сте заедно, со цел да се чувствувате посекси во негова или нејзина близина.
9. И покрај сè, оваа врска вреди
Никој никогаш нема да ве советува да се заљубите во вашиот најдобар пријател бидејќи тоа е голем ризик. Доколку нешто тргне наопаку, постои шанса да изгубите една од најважните личности во вашиот живот. Но, нештата можат да тргнат и во вистинската насока. Ако тоа се случи, вие ќе имате цврста врска со личност со која можете да ги делите сите ваши мисли и емоции. Тој или таа навистина ќе се грижи за вас, ќе ве поддржува, ќе се смее со вас, но и ќе ве љуби неизмерно.