Бразлетни во бохо стил – Совршен аксесоар за ова лето
Доколку сакате да изгледате тренди во летните денови, бразлетните за на глужд во бохо стил, се задолжително парче кое морате да го имате во вашата колекција со аксесоари. Бразлетните за на глужд не се некој нов тренд, бидејќи и претходните две години можевме да забележиме дека се носеа доста често, но во минималистички стил. Оваа година масивните бразлетни во боемиски стил заземаа голем замав, а мора да признаеме и дека навистина изгледаат прекрасно.
Овој вид накит изгледа одлично во комбинација со летна облека како долг макси фустан, шорцеви, костим за капење или кое било друго тенко парче облека, со кое може да ги истакнете вашите нозе. Постојат стотици видови модели бразлетни за на глужд во бохо стил изработени од различни материјали и украси, така што со сигурност лесно ќе најдете барем неколку кои совршено ќе се вклопат во вашиот стил.
Интересно кај овие бразлетни, е тоа што многу лесно можете да искомбинирате неколку едноставни модели и да добиете фантастичен комбиниран аксесоар кој ќе мами погледи.
Со помош на овие бразлетни вие ќе изгледате многу женствено и секси, а единствено нешто на кое треба да внимавате е комбинирањето со друг накит. Доколку решите дополнително да носите и некој прстен, обетки или ѓердан, тие задолжително ќе мораат да бидат во бохо стил.
Модниот блог „Fashion Corner“ направи одлична галерија со прекрасни модели на бразлетни, кои се во тренд оваа сезона. Инспирирани од нивниот избор, ова се нашите омилени предлози.