Бразилско фенирање: Одличен третман за подобрување на оштетената коса од сонце

Бразилско фенирање: Одличен третман за подобрување на оштетената коса од сонце

Дали кога се вративте од летниот одмор забележавте дека вашата коса е оштетена од морската сол и сонце? Оваа непожелна слика во огледалото можете брзо да ја избришете со само еден едноставен третман – бразилско фенирање кое на косата го враќа нејзиното здравје, сјај, волумен и ѝ овозможува сосема нова убавина.

Бразилско фенирање: Одличен третман за подобрување на оштетената коса од сонце

Доволен е само еден третман од бразилското фенирање со цел вашата оштетена коса повторно да почне да сјае. Тајната се крие во постапката која го враќа кератинот во косата. Тој се губи со честите хемиски и термички процеси, но по бразилското фенирање косата повторно се полни со кератин и станува рамна, тешка, здрава и сјајна, па токму затоа и полесна е за обликување.

Третманот вклучува миење на косата со шампон кој длабински ја чисти, а потоа се расчешлува и се нанесува течен кератин на секој прамен. Откако косата ќе се исуши и исфенира рамно, секој прамен се поминува по 2 пати со пегла за коса со цел кератинот да навлезе што подлабоко во влакното. Овој процес трае околу 1 час, но зависи од должината и густината на косата. Откако ќе завршите, косата не треба да се мие ниту мокри во текот на наредните 72 часа.

Кератинот се задржува во косата отприлика 3 месеци, но и тоа зависи од степенот на уништување, како и колку често таа хемиски се третира и мие. Но, без разлика каква коса имате, вие секогаш можете да ја освежите со помош на бразилското фенирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар