Брачните партнери кои се и најдобри пријатели се многу посреќни во животот
Со стапувањето во брак доаѓаат и голем број прашања, грижи и двоумења. Да се биде вљубен е едно, но ако партнерите си се и најдобри другари, тогаш ситуацијата е полесна и порелаксирана. Поради тоа, често се вели дека во животот постојат и потешки форми на поврзаност и посветеност отколку самото ставање потпис на венчалниот лист, а се однесуваат на разбирањето и меѓусебната грижа на партнерите.
Голем број комедијанти во своите настапи вклучуваат шеги за бракот и за одземената слобода и независност. Сепак, според многу споредени фактори, луѓето кои се во брак се поздрави, посреќни и имаат помал ризик за тешки заболувања од оние кои се сами. Во една студија спроведена на медицинската школа Астон и универзитетот во Источна Англија, откриено е дека бракот ги зголемува шансите за преживување срцев удар. Според резултатите, луѓето кои се во брак имаат 14% помал ризик да умрат поради срцев удар. Сепак, докторите кои учествувале во истражувањето нагласиле дека оваа студија не се однесува на тоа дека сингл-луѓето сигурно ќе умрат, туку на важноста да се има партнер покрај себе кога ќе бидат пуштени на закрепнување.
Луѓето во брак се среќни, но откриено е и дека нивото на среќа е уште поголемо доколку брачните партнери се и најдобри пријатели. Важно е да се напомене дека ова важи за среќните врски и дека бракот нема да ги направи среќни оние кои не се.
Кога партнерот е и најдобар пријател, тогаш се искористуваат двојно повеќе бенефиции од бракот, а со тоа доаѓа и уште поголема среќа споредено со партнерите кои не се доживуваат себеси како такви. Тие во исто време уживаат и во љубовта, во брачниот живот, но и во дружењето и живеењето заедно.
Овие претпоставки се поклопуваат и со друга долга студија спроведена во Велика Британика, од 1991 до 2009 година, кога во анкета биле прашани околу 30.000 лица да го оценат својот живот. Голем дел во полето за најдобар пријател го запишале својот партнер и за нив се покажало дека се задоволни и среќни со животот.
Исто така, важно е да се знае дека меѓусебното пријателство не е апсолутна потреба за среќен брак и дека секогаш е добро да се имаат пријатели и надвор од брачниот живот. Но, она што го докажале истражувањата е дека среќата во секој брак може да биде уште поголема доколку партнерот во исто време е и најдобар пријател.
Прочитајте уште и: 7 жени споделуваат како бракот (не) им ја променил врската со партнерот.