Божествено чудо од кујната: Квасецот ги враќа кожата и косата во живот и помага во општото здравје!
Квасецот најчесто го користиме во рецепти за подготовка на разни печива, но овој додаток во исхраната може да биде и одличен сојузник во негата на кожата, косата, ноктите, како и за унапредување на здравјето.
За кожа
Пивскиот и пекарскиот квасец се идеален извор на хранливи материи. Во нивниот состав има витамини Ц, Б и ИПП кои се задолжени за рехабилитација на кожата, додека содржаните минерали активно ја хранат и ја прават еластична и отпорна.
Инаку, квасецот содржи 17 витамини, 16 аминокиселини и 14 минерали како што се калциум, калиум, магнезиум, цинк, бакар, фосфор и манган.
Одговара за сите типови кожа и со негова помош таа постанува регенерирана, хидрирана, подмладена, поубава и отпорна на надворешни влијанија. Квасецот има и силни антибактериски својства, па се препорачува за третирање на акни. Ја смирува воспалената кожа, ја регенерира сувата и оштетена кожа, помага и со митесерите и магично ги брише брчките, правејќи ја кожата мека и убава.
Маска за лице од квасец
- Помешајте го квасецот со млака вода.
- Мешајте додека не добиете мазна смеса која ќе можете да ја нанесете на лицето.
- Оставете да делува 20 минути додека не се исуши, а потоа измијте се со топла вода.
Маската секогаш правете ја од свежи состојки, а можете да ја користите два пати неделно во период од 2 месеци.
Во оваа маска можете да додадете и некои природни состојки кои дополнително ќе ја нахранат вашата кожа. Ова се некои нив кои можете да ги употребите.
Лимон – Одличен во борбата против брчките и пегите, го изедначува тенот и ја храни кожата со витамин Ц. Се препорачува за мрсна кожа.
Мед – Има антибактериски својства, длабински ја чисти кожата, спречува воспаленија и ги уништува слободните радикали. Идеален е за суво лице и одличен против мозолчиња.
Јајца – Го стимулираат процесот на обновување на клетките, ја зацврстуваат кожата, го хранат и хидрираат лицето.
Маслиново масло – Спречува сушење и ја подобрува текстурата на кожата. Одличен е против брчки, ѝ дава хранливост и еластичност на кожата.
Овес – Ја храни кожата, а аминокиселините што ги содржи помагаат во обновување на клетките. Ја впива маснотијата од кожата и ја хидрира.
Зелен чај – Го тонира лицето и ја подобрува циркулацијата. Одличен е за осетлива и иритирана кожа.
Јогурт – Има смирувачко дејство и одлично ја негува кожата. Има антибактериски и антигабични својства и одличен е за сите типови кожа.
За нега на лицето најдобар е пекарскиот квасец и тоа оној свежиот што се продава во коцки. Имајте предвид дека неговиот рок на траење е 2 недели. Ако користите квасец од кесичка, водете сметка да биде светлокафеав и со еднакви гранули.
За коса
Косата која е третирана со квасец, побрзо расте, станува појака и поотпорна. Квасецот ја штити од пукање и значително го намалува опаѓањето.
Маска за коса од квасец
- Пола кесичка квасец ставете во сад во кој ќе додадете 2-3 лажици топла вода.
- Нанесете ја смесата на косата, а посебно масирајте го коренот на влакната.
- Оставете ја делува половина час, а потоа темелно измијте ја со топла вода.
За нокти
Благодарение на витаминот Б и минералите како калциум, железо, јод и магнезиум со кои е богат квасецот, ноктите стануваат поцврсти и побрзо растат, а со тоа се значително помалку склони на пукање и листање.
Ноктите можете да ги негувате со помош на квасец на два начина: така што секојдневно ќе пиете растворен квасец во топла вода или со протривање на смесата од маската за лице после што треба да се остави да делува 10 минути пред да се измие.
За здравје
Сувиот пивски квасец претставува ризница од хранливи состојки: протеини, аминокиселини, јаглехидрати, олигоелементи, витамини и минерали.
Квасецот содржи 3 важни елементи: глутамин – кој го поттикнува елиминирањето на штетни материи, селен – кој го забавува процесот на стареење и хром – кој е добар за превенција од дијабетес и инфаркт.
Благодарение на минералите и олигоелементите кои се неопходни за нормално функционирање на сите процеси во организмот, пивскиот квасец е одличен додаток во природната исхрана.
Квасецот помага против стрес, анемија, остеопороза и други заболувања. Во пивскиот квасец се содржат воглавно сложени шеќери, па затоа е добар и за дијабетичарите.
Исто така, квасецот има и голема хранлива вредност, па се користи за лечење на бактериски и габични инфекција на кожата, органите за варење и воспален црн дроб.
Тој е и природен регулатор на холестеролот и природен антибиотик бидејќи ги контролира бактериите кои може да бидат штетни за организмот, а истовремено го поттикнува создавањето на бактерии кои се корисни за работата на цревата.
Погледнете како да ги отстраните акните со пивски квасец.