Борбата на мајките против оние што „најдобро“ знаат

Борбата на мајките против оние што „најдобро“ знаат

Кога станува збор за бременоста, породувањето и чувањето деца, постојат многу спротивставени мислења за тоа што е правилно и најразлични совети што ретко кој се воздржува да ги споделува, особено на младите девојки што општеството ги смета за неискусни. Имајќи го ова на ум, со вас споделуваме една моќна објава на Фејсбук во која сигурно ќе се пронајдат сите жени!

borbata-na-majkite-protiv-onie-shto-najdobro-znaat-www.kafepauza.mk

Ако некоја жена сака да абортира, како може тоа да му го направи на нероденото дете? Ако го роди, а нема услови да го чува – што го раѓала, со кој памет размислувала? Ако сака едно дете, зошто само едно, гревота е само да расте! Ако роди трето дете, луда ли е со три, во таква куќа со толку ниска плата уште едно дете ѝ фали! Ако се породила со царски рез, зошто не го направила тоа природно? Ако се мачела, крвавела 12 саати природно – па што не отишла одма на царски?

Ако нема млеко и не дои, како е можно тоа да ѝ се случи, сигурно имала млеко, ама не сакала да дои! Ако не сакало детето да фати града и се молзи, е како може да не сака, само упорност треба, како нашите фатија! Ако дои, зошто го прави тоа на јавни места? Ако седи постојано дома со детето – се запустила, на што личи?

Ако трпи лош брак, зошто го трпи? Ако се разведе, зошто се развела? Ако оди на фризер, депилација, маникир… срамота, на што личи тоа? Ако го чува сама детето, куќата ѝ е несредена, таа е несредена, не се снаоѓа сама! Ако го причуваат баба и дедо – срам да ѝ е, па тие ѝ го израснаа детето, а таа само по кафиња шета!

Сериозни ли сте? Како знаете вие што е правилно? Кој вас ве просветлил, па вие да нè просветлувате нас тука? Какви сте вие? Погледнете се во огледало, а потоа погледнете си го домот, семејството! Вие среќни ли сте? Ако не сте, посветете се на вашата среќа! Ако сте, оставете нè сами да го најдеме патот до нашата среќа, како што вие сте го пронашле вашиот!!!

Адаптирано од Фејсбук


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар