Болката и проблемите со здравјето ви кажуваат многу повеќе отколку што мислите

Болката и проблемите со здравјето ви кажуваат многу повеќе отколку што мислите

Идејата, или теоријата дека секој може да си „создаде“ болест повеќе не спаѓа во оние теории на кои лекарите ги превртуваат очите. Како размислувате, колку се плашите, колку верувате или не верувате, колку сте подготвени на борба или на предавање, што сакате да заборавите и од што да се заштитите, сето тоа е „запишано“ негде во умот и во вашето тело. Ова објаснување за болестите може да ви помогне подобро да си го разберете телото, мислите, како и нивната поврзаност. Се разбира, секој човек е различен и не може сè да се генерализира, но сепак самата идеја е навистина интересна. Погледнете што значи секоја болка или болест.

Болката и проблемите со здравјето ви кажуваат повеќе отколку што мислите

Главоболка

Главоболките се појавуваат кога се казнувате. Мигрена имаат луѓето кои сакаат да бидат совршени и кои си создаваат притисок. Во нив има и многу потиснат бес.

Синуси

Ако имате проблеми со синусите, можно е да ве иритира некој што ви е близок. Можеби мислите дека ве напаѓа.

Очи

Проблемите со очите покажуваат дека има нешто во врска со вас, со вашето минато или со вашата иднина што не сакате да го видите.

Слух

Ова значи дека има нешто што не сакате да го слушнете. Болката во увото може да биде и резултат на бес за нешто што сте слушнале.

Коса

Кога сте напнати и исплашени создавате „окови“ кои почнуваат во мускулите на рамената и се шират кон главата. Косата расте на врвот на сето тоа, па ако постои стрес кој трае подолго, вашата коса станува „безживотна“, а може да се појави и ќелавост.

Глава

Кога нешто не е во ред со главата, тоа значи дека чувствувате дека нешто не е во ред со вас. Главата ви го покажува светот, а по неа ве препознаваат сите околу вас.

Врат и грло

Вратот ја претставува вашата флексибилност за размислувањето и гледањето на другата страна. Кога имате проблеми со вратот тоа значи дека сте тврдоглави и уверени сте дека вашето мислење е единственото кое е правилно. Грлото претставува способност да кажете што мислите или што сакате. Кога ве боли грлото, во главно значи дека мислите дека немате право на глас. Не застанувате на своја страна и го потиснувате гневот. Ларингитисот е знак дека сте толку гневни што не можете ни да зборувате. Грлото е поврзано и со протокот на создавање. Исто така, ако се обидете да промените нешто или сте сред промена можно е да почувствувате проблеми со грлото.

Раце

Рацете ја претставуваат способноста да ги опфатите сите животни искуства. Горниот дел е поврзан со способностите, а долниот со вештините. Старите емоции се чуваат во зглобовите, а лактите ја претставуваат флексибилноста за менување на правецот на вашиот живот. Исто така и секој прст има свое значење. Ако го повредите показалецот, во вас има бес и страв поврзани со вашето его. Палецот претставува грижа, средниот прст секс и бес, домалиот заедништво и тага, а малиот прст е поврзан со семејството.

Грб

Ако имате проблеми со грбот можно е да мислите дека вашата околина не ве подржува доволно. Горниот дел е поврзан со недостаток од емоционална поддршка. Средниот дел е поврзан со чувството на вина. Стравот дека нема да имате пари или дом е изразен преку болка во долниот дел од грбот.

Бели дробови

Белите дробови ја претставуваат способноста за давање и земање во животот. Ако имате проблеми со нив, можно е да ви е страв дека ќе ви земат нешто потребно или пак чувствувате дека немате право на животот што го живеете.

Гради

Градите се поврзани со мајчинството. Ако имате проблем со градите, тоа значи дека сте претерале со мајчинскиот, заштитничкиот или посесивниот став кон некоја личност, место, предмет или искуство.

Срце

Срцето ја претставува љубовта, а крвта радоста. Срцето ја пумпа радоста низ телото. Кога не сте среќни и не чувствувате љубов, вашето срце станува „ладно“. Резултатот е намален проток на крв и ризик од анемија или инфаркт. Луѓето кои доживеале инфаркт речиси никогаш не биле задоволни од нивните животи.

Желудник

Новите идеи и искуства се поврзани со желудникот. Ако ве боли желудникот има некој или нешто што не можете да го преболите. Или пак некое искуство што не можете да го впиете.

Нозе

Нозете ве носат низ вашиот живот. Проблемите со нив често укажуваат на страв од движење напред или вртење кон одреден правец. Кога не сакате да правите нешто, ќе почувствувате проблеми со нозете.

Колена

Колената претставуваат флексибилност, исто како и грбот. Тие ја изразуваат способноста за прилагодување, гордоста, егото и тврдоглавоста. Кога ќе почувствувате болка во нив, обидете се да се прилагодите на нешто што во моментов ви се случува.

Стапала

Стапалата се поврзуваат со разбирањето за себе и животот околу вас, минатото, сегашноста и иднината.

Кожа

Кожата е вашата индивидуалност. Кога имате проблеми со неа се чувствувате загрозени, како некој друг да владее со вас.

Вишок килограми

Ова е потреба од заштита. Дебелите луѓе бараат заштита за да не бидат повредени, омаловажени, критикувани или излажани. Тие чувствуваат страв од животот.

Болка

Кој било вид болка е знак за чувство на вина. Вината секогаш бара казнување, а казнувањето е болно. Хроничната болка е хронично чувство на вина кое е толку длабоко всадено што можеби и не сте свесни за него.

Дали знаевте дека болката е заразна?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар