Болка во стомакот: Мапа која открива што ви е според местото каде што ве боли
Стомакот е големо подрачје, а секоја болка може да биде предизвикана од повеќе причини – од бенигни до опасни. За подобар увид во можните последици, идентификувајте го точното место на вашата болка.
Болката во стомакот е една од најчестите тегоби кои повремено ги погодува 90% од луѓето. Понекогаш нè плаши заради интензитетот, но самата јачина на болката не значи дека нејзината причина е сериозна и обратно – благите, но долготрајни болки може да значат хронична болест која треба да се лекува.
Ако забележите болка во стомакот, во кој било дел, која трае подолго од 2 недели, појдете на лекар за да исклучите некоја посериозна дијагноза. Причина за итна посета на лекар е и долготрајната надуеност, долготрајно повраќање, пролив и крв во столицата.
Болка во стомакот е секој вид болка која се чувствува во делот помеѓу градите и препоните. Со оглед на тоа дека стомакот зафаќа голем дел од телото, потребно е точно да се лоцира местото каде што боли за да може полесно да се открие причината. Пронајдете ја вашата болна точка на мапата и идентификувајте го нејзиното значење.
- Жолчни камења, чир на желудникот, воспаление на панкреасот
- Чир на желудникот, киселини во стомакот, лошо варење, воспаление на панкреасот, жолчни камења, епигастрична хернија (кила над папокот)
- Чир на желудникот, чир на дванаесетпалечното црево, опструкција на жолчните патишта, воспаление на панкреасот
- Камења во бубрезите, воспаление на мочните канали, запек, лумбална хернија – поместен диск во ‘рбетот
- Воспаление на панкреасот, рана фаза на воспаление на слепото црево, чир на желудникот, воспаление на дебелото црево, воспаление на тенкото црево, кронова болест, умбиликална хернија (папочна кила)
- Камења во бубрезите, дивертикуларната болест, запек, воспаление на дебелото црево
- Воспаление на слепото црево, запек, карлична болка – гинеколошки проблеми (ендометриоза и др.), болка во препоните – ингвинална хернија (препонска кила)
- Воспаление на мочните канали, воспаление на слепото црево, воспаление на дебелото црево, карлична болка – гинеколошки проблеми, дивертикуларна болест
- Дивертикуларна болест, карлична болка – гинеколошки проблеми, болка во препоните – ингвинална хернија (препонска кила)
Помалку сериозни проблеми
Можни се различни причинители на болки, а помалку сериозни причинители се: запек како резултат на неправилна исхрана и слабо движење, нетолеранција на одреден вид храна, гастритис како резултат на прекумерно создавање на желудочни киселини, труење со храна или желудочна/цревна вироза.