Боја на коса што се менува за 2 секунди: Што мислите за овој тренд?
Доколку не можете да се одлучите помеѓу две бои на вашата коса, зошто да не се обидете и со двете? Токму ова го направила оваа девојка, а резултатот или ќе го обожавате или воопшто нема да ви се допадне – нема трета опција!
Таа најпрво покажува една боја на нејзината коса, па со само еден потег од неколку секунди, ги покажува розовите нијанси.
Трикот е да ја нијансирате косата и да создадете илузија на една боја. Еве како изгледа тоа погледнато од назад.
Можете да го направите ова и со поприродни нијанси, како што тоа го направила оваа девојка.
Невообичаено, но изгледа интересно. Би го испробале ли и вие овој начин на фарбање?