Боите во домот го менуваат вашето расположение #1
Сакате да направите некаква промена во вашиот дом, да го освежите просторот, но и да ја промените бојата на ѕидовите, бидејќи белата е веќе одамна демоде. Ви останува уште да го направите изборот на боите кои ќе ги комбинирате. Додека размислувате на таа тема, немојте да заборавате дека боите потсвесно влијаат на вашите емоции и расположение, како и на психичката и физичката стабилност.
Доколку преферирате ладни бои…
Свежите нијанси на зелена, сина и виолетова боја ублажуваат, смируваат и успокојуваат и прават просторот да изгледа поголем.
Зелената боја е боја на природата, која смирува, успокојува, прави да се чувствувате заштитени и ја подига вашата самодоверба. Зелената е одлична боја за вашата бања или спална или за било која соба која служи за одмор и релаксација.Виолетовата боја симболизира страдање и тага, но истовремено и кралско достоинство, привилегираност и интегритет. Светлите нијанси на виолетова пак, се одлични за медитација, самоанализа и за духовно прочистување. Соодветна е за спална соба.Сината боја го смирува нервниот систем, а симболизира живот во заедница. Светло сината е одлична соба за спиење, па затоа употребете ја за вашата спална или за соба во која се релаксирате. Избегнувајте ја за дневна соба и канцеларија. Сината боја е и „убиец“ на апетитот, така што освен ако не сте на диета или не ве бива за готвење, немојте да ја изберете за вашата трпезарија. Темно сината пак, создава депресивни чувства и ја „вшмукува“ енергијата во домот.