Богато детство за малку пари

Богато детство за малку пари

Ние што сме родени во осумдесеттите и деведесеттите години, сме израснале во период на мачна економска ситуација. Без разлика колку напорно и да работеле нашите родители, никако не можеле да стигнат до приход со кој било возможно да се задоволи и по некоја луксузна потреба.

Многумина не одеа на море секое лето, малкумина знаат како изгледа зимување, автомобил или мотор како подарок за матура беше незамисливо, а немавме ниту скапи играчки на кои го симулиравме реалниот живот. Па сепак, постојат еден куп работи од нашето детство кои со задоволство ќе ги паметиме додека сме живи.

Богато детство за малку пари

Повеќето родители се уверени дека потфрлуваат во својата родителска улога со тоа што не можат на детето да му ги обезбедат скапите играчки, скапата облека или патувањата. Тоа секако не е точно. Иако играчките и патувањата се пожелни и би биле многу забавни за детето, неговата среќа може да се предизвика со нешта кои чинат многу помалку или се бесплатни. Убавината на животот е во контактот со другите луѓе.

Најубавите спомени запечатени во меморијата на еден човек се поврзани со доживувања во нечие друштво, а не со предмети. Оттука, правилниот психички и духовен развој на едно дете не се постигнува со подароци, туку со правилен контакт со него. Тој е бесплатен, а е многу поважен од сите тие предмети кои се купуваат со пари.

Богато детство за малку пари

Секако, неопходно е да се има доволно за да се задоволат најосновните потреби на децата како храна, облека и образование, но според психологот Кети Сиферт, постојат други работи кои секој родител треба да ги примени со цел да го збогати детството на своето дете.

Овозможете му на детето да си игра – Повеќето родители или се многу рестриктивни кога станува збор за времето за играње или пак го оставаат детето пред компјутер да прави што сака. Скапите играчки не се неопходни за среќно детство. Детската фантазија може да биде толку раскошна што тоа може да си игра со што и да најде во домот. Исто така, детето ќе има прекрасни спомени од дружењето со врсниците, што секако нема да го постигне со играње на компјутер или ако порано го повикате дома затоа што „веќе предолго било надвор“.

Запознајте го детето со опкружувањето – Покажете му различни растенија, однесете го во зоолошка да ги запознае животните, нека ги види различните форми на градбите околу него, однесете го во парк, во музеј, на спортски натпревар… Со тоа ќе ја запознае околината.

Читајте му – 15-20 минути читање пред спиење е забава која ќе му ги подобри речникот и фантазијата.

Богато детство за малку пари

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар