Блогерки со облини кои ќе ве натераат да ја засакате модата иако имате повеќе килограми
7. Алисон Тенг
Таа започнала да се занимава со блогерство поради нејзината неверојатна љубов кон облеката и се надевала дека ќе успее да се поврзе со девојки кои ја сакаат модата, но имаат вишок килограми. Има соработувано со многу брендови од кој најпознат е „Ејсос“, а се има појавено и во „Гламур Германија“, „Севентин“, „Мери Клер“, „Лаки“ и други светски списанија. Нејзиниот Инстаграм профил изобилува со вкусна и здрава храна и интересни шик комбинации. Нејзиниот стил е елегантен во комбинација со свежи бои.
8. Изабел Декер
Оваа Германка е можеби најголемото освежување на модната сцена. Нејзиниот ризичен стил и љубов кон 80-тите ѝ даваат приоритетно место на листата на модни блогери. Обожува да ризикува и да меша различни материјали како кожа и тантела и токму тоа ја прави поразлична од другите. Нејзиниот Инстаграм профил е полн со фотографии од нејзините моќни комбинации, ризична шминка и накит.