Блеснете на вашата матурска прослава
Автор: Ели Радеска
Матурите се ближат, а возбудата кај матурантите сè повеќе расте. Без паника доколку сè уште немате одбрано фустан, фризура или шминка. Имате време да блеснете со сиот свој сјај.
1. Шминка и фризура – кој изглед најмногу би ви прилегал вам?
Природно и женствено
Доколку имате долга коса, соберете ја во мазна и совршена плетенка за да не изгледа секојдневно. Плетенката може да биде обична, извртена или рибина плетенка. Погледнете како Блејк Лaјвли го изведе тоа на црвениот тепих.Како надополнување на овој изглед, одберете бронзени перли за лице и кармин во светло црвена нијанса.
Романтичен изглед
Ако одбирате нежен и романтичен изглед, послужете се со розова нијанса на руменило и сјај за усни во боја на праска или розов. За да постигнете романтичен мејкап изглед, имате две опции за шминка на очите: комбинација од кафена сенка за очи и сенка во боја на шампањ и бронзено моливче за очи, или пак, бела или розова светкава сенка како основа и сива или сина сенка за очи.Коса собрана во обична или растурена пунџа совршено би одговарала на вашиот романтичен изглед. Секогаш е добредојден интересен детаљ за вашата коса.
Ретро изглед
Црвено руменило, туш за очи и жешко црвена нијанса на кармин – оваа комбинација вели: „Забележете ме!“ Може да одберете кафена или сива сенка за очи.За вашиот ретро изглед да биде совршен, косата извиткајте ја и соберете ја на една страна.
Скриен гламур
Изглед со кој нема да ви тежи еден тон шминка на лицето. На прв поглед ќе изгледате природно, а сепак гламурозно. Искомбинирајте сива и кафена нијанса на сенки за очи, кармин со нежна розова боја или проѕирен сјај за усни.Косата извиткајте ја во брановити кадрици, подигнати и пуштени, или собрани на една страна.
Нежно и женствено
Доколку имате кратка коса до раменици, извиткајте локни на краевите. Овој изглед најмногу одговара на девојки со костенлива или црвена боја на коса. Нанесете црвено руменило, нијанса на црвена и кафена сенка за очи и сјај за усни во боја на праска.
Изглед „Nude“
За нежните девојки со светол тен кои не обожуваат премногу шминка… Во ред е, никаде не пишува дека за вашата матура мора да сте премногу нашминкани. Одберете ја таканаречената „гола шминка“, розови или крем сенки за очи, тенок слој туш за очи или црно моливче, еден слој маскара и проѕирен сјај за усни.
„Мини“ зачадено
Ова е интригантен изглед кој на прв поглед изгледа едноставно. Нанесете кафена сенка за очи, сино моливче со благ ефект на „зачаденост“, црвен кармин врз кој ќе нанесете бронзен сјај за усни. Косата извиткајте ја во локни и соберете ја за да добиете брановита пунџа.
Интензивна шминка
Кога станува збор за интензивна шминка, секогаш е добредојден изгледот „Зачадени очи“. Но, она што секогаш изгледа женствено и привлечно се и „мачкините очи“, а трикот во оваа шминка е внимателно исцртување на очите со црно моливче и благо размачкување на краевите.
Дополнителни идеи за фризура
Кратка коса, коса со должина до раменици
Долга виткана или права коса
Коса собрана во пунџаДоколку одлучите да се шминкате сами, послужете се со нашите мејкап трикови, и секако, осигурајте се дека вашата шминка ќе трае долго.
2. Матурски фустани
Не заборавајте, фустанот треба да се прилагоди на вас, а не вие на фустанот, затоа одберете го вистинскиот модел за вас.
Кратки фустани
Долги фустани
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.