Блескав есенски тренд: 7 начини да додадете металик бои во вашите секојдневни модни комбинации
Блескавите метални елементи во оваа сезона се вратија на големата модна врата. Тие се најдобриот начин за да додадете гламур во вашиот стил. Метални обувки, здолништа, па дури и нокти и усни ќе изгледаат навистина одлично доколку се комбинираат со неутрални бои. Како и да е, многумина го сметаат овој тренд за малку незгоден и футуристички. Па, доколку сакате да понесете некој метален елемент во вашиот стил, а сè уште не знаете што и како да го вклопите, без притоа да изгледате како да сте допатувале од иднината, тогаш ние имаме неколку решенија за вас.
1. Чевли
Можеби звучи неверојатно и несекојдневно, но металните чевли можат да ја освежат секоја модна комбинација. Металните обувки ќе ѝ дадат една посебна нота на вашата комбинација и совршено ќе го надополнат вашиот изглед. Сепак, за да го добиете најдоброто од нив, ви предложуваме да ги комбинирате со неутрални бои. Дали ќе се одлучите за лежерна или елегантна варијанта воопшто не е важно, бидејќи тие одлично се вклопуваат и во двете. Најдобро би било да изберете металик нијанса според вашата боја на кожа. Па затоа, оние со посветла кожа може да се одлучат за сребро металик, додека девојките со потемна кожа најдобро би било да изберат нешто златно.
2. Накит
Металниот накит совршено одговара со потемна шминка. Ако изберете некоја впечатлива потемна боја на кармин, тогаш големото металик ланче е задолжително. Но, внимавајте да не претерате. Па затоа, доколку се одлучите за големо ланче, избегнете да носите големи обетки и обратно. Исто така, внимавајте и на тоа да не ги комбинирате металните аксесоари со светли фустани, бидејќи тие може да го уништат целиот ваш изглед.
3. Облека
Иако овие модни комбинации изгледаат авантуристичко и доста ризично, сепак тие може да ви помогнат да создадете уникатен и незаборавен изглед. За да создадете комбинација која ќе биде полн погодок, обидете се металните парчиња облека да ги комбинирате со неутрални бои.
4. Збогатете го изгледот со метални аксесоари
Доколку не ви се допадна идејата за носење метални парчиња облека, тогаш секогаш ќе можете да го освежите вашиот изглед со неколку убави аксесоари. Бидете сигурни дека тие ќе додадат уникатност во вашиот стил и ќе го подобрат вашиот целокупен изглед. Златни или сребрени каиши, чанти, обувки и накит комбинирани со неутрални бои дефинитивно ќе изгледаат прекрасно на вас.
5. Шминка
Доколку отсекогаш сте сакале да испробате металик шминка, сега е вистинското време за тоа. Сепак, доколку мислите дека златниот или сребрен кармин е премногу ризичен за вас, тогаш нежниот кармин или пак некоја класична боја во комбинација со металик сјај за усни ќе го надополни целиот тој ефект. Кога станува збор за сенката за очи, тогаш металик сенката ќе создаде совршен вечерен изглед.
6. Маникир и педикир
Воопшто не мора секогаш да користете различна металик боја за да направите вашите нокти да изгледаат супер стилизирано. Понекогаш доволно е само да направите француски маникир или пак да користите мат лак за нокти. Вашите нокти ќе изгледаат одлично!
7. Боја на коса
И конечно, одлична идеја за оние похрабрите е металик боја на коса. Вашата коса ќе изгледа сјајно, оригинално и екстремно атрактивно.