Блејзери – рецепт за добар стил

Блејзери – рецепт за добар стил

Евтино, а шик, едноставно и практично. Класично, а модерно. За ваков изглед и стил, имајте неколку блејзери (спортски сакоа) во вашиот плакар.

Блејзерите се идеално решение за слоевито облекување кое оваа сезона ќе биде во неверојатен тренд. Блејзерите лесно го обогатуваат секој стил, правејќи ве да изгледате поурбано и шик. Дури и секојдневните комбинации збогатени со блејзер делуваат феноменално, а воедно тој е одличен сојузник во желбата да го покриеме она што ни е вишок на колковите.

1-blejzeri-recept-za-dobar-stil-kafepauza.mk

Секси и строги истовремено, оваа сезона како и претходните, тие се моден императив. Одлучете се за средна должина или подолги, а водете сметка добро да ви лежат, да не ви се прешироки во рамената, односно дури и кога се пошироки, добро да ја следат линијата на телото. Ако блејзерот има убава постава, можете да ги подвиткате ракавите што ќе биде одличен детаљ.

Блејзерите се носат во сите бои, од загасени тонови до пастелни нијанси и живи дречливи бои кои се карактеристични за летните денови. Најдобро е да се одлучите за црвен, класичен црн, сив, беж или пак во кобалт-сина, смарагдно-зелена или боја на пудра.

Одлично стојат со фармерки, торбести панталони, цевка фармерки, хеланки, како и со лелеави и тесни фустани и сукњи. Добро се надополнуваат со марами и шалови. Сѐ на сѐ, блејзерите се практични и едноставни, а се доволно ефектни и одговараат со речиси се што ќе ви падне на памет. Затоа, не пропуштајте да набавите барем еден за оваа сезона.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар