Благодарение на овие трикови максимално ќе уживате во сексот

Благодарение на овие трикови максимално ќе уживате во сексот

Ако сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, следете ги овие николку совети кои ќе ви го олеснат патот до таа цел.

blagodarenie-na-ovie-trikovi-maksimalno-kje-uzhivate-vo-seksot-kafepauza.mk

Ви претставуваме 6 начини на кои можете го подобрите вашиот сексуален живот и да бидете позадоволни заедно со вашиот партнер.

1. Не глумете оргазами

Голем број жени глумат оргазми, дури 60% имаат признаено дека одглумеле барем еднаш во животот. Ако ова ви стане навика, ќе се соочите со намалување на вашата самодоверба и емотивна оддалеченост од вашиот партнер. Сепак, за вашите лажни оргазми мора да постои причина, па ако не ја кажете вистината, вашиот партнер нема да знае што не е во ред со вашиот однос. За да уживате мора да ја откриете таа друга страна што ви претставува задоволство. Истражувањата имаат покажано дека партнерите кои се отворени и позитивни почесто доживуваат сексуално задоволство.

2. Бидете јасни, но и гласни

Не се срамете, бидете слободни и изразете го своето задоволство во сексот. Постои директна врска помеѓу секси гласот и добриот секс. Ако вие сте храбри, тогаш и вашиот партнер ќе биде храбар, па на тој начин ќе дознаете што најмногу му се допаѓа.

3. Почесто имајте секс

Сексуалните вештини можат да се усовршат, а честиот секс е патот до тоа. Со тоа вие ја зголемувате вашата самодоверба и ја зајакнувате блискоста меѓу вас и вашиот партнер.

4. Потсетувајте го вашиот партнер колку ви е важен

Врските можат лесно да западнат во рутина, а понекогаш несвесно може да го игнорирате партнерот. Потсетете го колку ви значи, тој ќе ви се заблагодари така што повеќе ќе се труди да ве задоволи.

5. Спалната соба не е единственото место за секс

Сексот не мора да биде планиран, не мора да го имате само во спалната соба. Изненадете го вашиот партнер, а и себе, спонтано и неочекувано. Важно е да ги исполните вашите желби.

6. Пробајте нови пози

Не се воздржувајте од испробување на нови пози во сексот. Ништо не го освежува сексуалниот живот повеќе од тие значајни промени. Експериментирајте и уживајте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар