Бјути заповеди: Неколку чекори до совршени веѓи!
Облик, боја, дебелина… Има толку многу фактори за кои треба да водите сметка при чупањето и средувањето на веѓите. Како вашите веѓи секогаш да бидат вистински нагласени, негувани и уредни? Еве неколку клучни совети.
1. Избегнувајте производи за нега на кожа
На веѓите никогаш немојте да нанесувате лосион, крема или пудра, бидејќи тие можат да го спречат растот на веѓите или да предизвикаат опаѓање. Често забораваме дека веѓите треба да ги третираме како влакна, а не како кожа. Запрашајте се – дали на косата би нанеле производ кој е наменет за нега на кожата? Секако дека не!
2. Одберете вистинско огледало
Избегнувајте ги огледалата кои зголемуваат, бидејќи постои шанса дека поради друга перспектива ќе искубете поголем дел. И најважното – веѓите чупкајте ги на дневно светло.
3. Тргнете се понастрана од ножичките
Само мал дел од жените морaат да ги кратат своите веѓи. За да ги пострижете на вистинскиот начин – исчешлајте ги нагоре и отсечете ги оние влакна кои изразено стрчаат нагоре. Така веѓите ќе изгледаат уредно.
4. Не претерувајте со моливот за веѓи
Сега сите сакаат подебели, полни веѓи, но многу е лесно да се претера со доцртувањето и пополнувањето. Се препорачува користење на молив за веѓи кој е само за една нијанса потемен од природната боја на веѓите, кој додатно ќе ја нагласи и бојата на очите.
5. Користете пинцета
Со пинцетата се постигнува најпрецизно скубење на веѓите, бидејќи на тој начин се отстранува влакно по влакно. Восокот би требало да го избегнувате, бидејќи тој ја развлекува кожата околу очите, но исто така е и недоволно прецизен како пинцетата.