Бјути трендови од 90-тите кои се вратија во полн ек
90-тите беа интересно време во светот на убавината и шминката. Ја започнавме декадата со гранџ стил (колку потемен кармин, толку подобро), а ја завршивме со обожавање на поп музиката и сето она што доаѓа со неа (високо опавче, сјај за усни и светки). А сега, погодете што? Поголемиот дел од овие бјути трендови се вратија назад, секако, малку прилагодени од претходно. Во продолжение откријте кои 7 трендови од деведесеттите години овој пат ќе бидат голем хит.
1. Токи и шноли за коса
Се сеќавате ли на оние огромни пластични нокти кои вие или вашата мајка неуморно ги носевте во деведесеттите? Денес украсите за коса се вратија во полн ек и сега можеме да ги пронајдеме во елегантни, металик варијанти кои совршено ќе ја надополнат вашата „неуредна“ пунџа.
2. Фризура инспирирана од карактерот Рејчел (Пријатели)
Ах, таа Рејчел… односно нејзината фризура која ги одбележа деведесеттите. За среќа, сега доаѓа во подолга, слоевита варијанта на лоб која совршено го „урамува“ лицето.
3. Кафеав кармин
Во деведесеттите сите кул девојки (Гвен, Нами, Кејт, Дру) носеле кафеави кармини во чоколадни нијанси. Во 2017-та година испробајте кармин со виолетова нијанса и изберете молив за усни во истата боја.
4. Сина шминка на очите
Силно сината сенка во деведесеттите се носела комплетно на целите очни капаци. Сега пак, ја гледаме како суптилен ајлајнер или пак нанесена по кравите на окото.
5. Светки, светки, светки
Кога станува збор за шминка на очите, во деведесеттите и тоа како се носеле светките. Многу светки! Без разлика колку забавно изгледа, сега сепак ги носиме во нешто посуптилна варијанта на капаците и образите.
6. Француски маникир
Имате посебно место во срцето за холографија? Ве разбираме. Зошто овој тренд не би го пренеле на ноктите и на овој начин да носите малку помодерна варијанта на француски маникир.
7. Високо опавче
Бритни прва го покажа овој изглед во својот видео спот за песната „Oops! I Did It Again“. Последните неколку години ѕвездите како што се Џеј Ло и Бијонсе ги носат постојано и во сите варијанти, а заедно со овој изглед комбинираат малку накит.
Доколку не ви се допаднаа овие „постари“ бјути трендови, секогаш можете да погледнете назад и да испробате некој од трендовите што ја одбележаа минатата година.