Бизарни совети за слабеење кои навистина делуваат
Интернетот е преполн со совети и трикови како брзо да се ослободите од непотребните килограми. Меѓутоа, не е лесно да утврдите кои навистина делуваат, а кои не. Иако некои од нив звучат крајно бизарно, многумина се колнат во нивната делотворност. За да не мора да ризикувате и погодувате, ние испробавме неколку од најпопуларните совети за да утврдиме кои од нив се точни. Имајте на ум дека секој организам е различен и големи се шансите некои од овие методи кај вас одлично да поминуваат, а некои едвај да покажат резултати. Мора самите да си го најдете најдобриот метод за слабеење според потребите и можностите на вашето тело.
1. Пиење чаша вода пред оброк
Совет: Испијте чаша вода на собна температура 15-20 минути пред оброкот. Водата ќе го наполни вашиот стомак и ќе изедете помалку храна. Исто така, организмот ќе потроши калории за да ја загрее водата на температура од телото.
Ефект: Можеби ќе го залажете стомакот на десетина минути, но набрзо повторно ќе огладнете и ќе јадете како вообичаено. Нашиот впечаток е дека овој трик не делува.
2. Ароматерапија
Совет: Кога готвите, апетитот може целосно да ви исчезне само заради мирисот на храната кој го залажува вашиот мозок дека сте сити. Затоа во ароматерапијата се препорачува да вдишувате ароми од јаболка, нане или ванила кога сте на диета.
Ефект: Силниот мирис на етеричните масла навистина ќе го залажат вашиот мозок, но не за долго време. Многу набрзо вашиот апетит ќе се врати, дури и појак одошто бил на почетокот. Овој трик делува, но не за долго.
3. Миење на забите наместо десерт
Совет: Наместо да јадете, измијте ги забите. Вкусот на ментол во вашата уста ќе го наведе вашиот мозок да мисли дека веќе сте завршиле со оброкот.
Ефект: Звучи чудно, но всушност може да биде доста делотворно, бидејќи миењето на забите асоцира на крај на оброкот или на денот, па затоа можете да го залажете гладот за час или два. Изгледа дека овој трик навистина делува.
4. Јадете стоејќи
Совет: Препораката гласи да јадете стоејќи, бидејќи на тој начин ќе согорите повеќе калории, побрзо ќе го наполните стомакот и ќе јадете помалку.
Ефект: Можеби ќе јадете помалку, но не затоа што побрзо ќе го наполните стомакот, туку затоа што најверојатно брзо ќе се заморите одејќи наоколу со чинијата во раце. Овој трик делува, но не како што е ветено.
5. Држете го приборот со „погрешната“ рака
Совет: Психолозите тврдат дека ќе внесете помала количина храна ако јадете со раката која не ви е доминантна.
Ефект: Како што сме навикнати да ги користиме двете раце за држење на приборот, тешко е дека ќе јадете помалку од обично, така што наш впечаток е дека ова не делува.
6. Користете ладни бои во кујната
Совет: Ако јадете премногу, се препорачува да користите ладни тонови, како што се сината и виолетовата, бидејќи тие ќе ве смират и ќе го намалат вашиот апетит. Овие бои најчесто не ги поврзуваме со храната, бидејќи таа е ретко во овие нијанси, особено кога е во прашање брзата храна.
Ефект: Иако звучи чудно, многу е веројатно дека навистина ќе јадете помалку, така што овој трик делува.
7. Вечерајте на слаба светлина
Совет: Ако јадете со пригушено осветлување, нема да знаете колку храна ви останала и ќе изедете токму онолку колку што ви е потребно.
Ефект: Многу е возможно дека јадењето во полумрак е поврзано со свечените вечери во ресторанот, каде што секако јадете полека и уживате во секој залак. Овој трик, според нашето мислење е делотворен.
Продолжете на следната страница за да ги погледнете преостанатите чудни совети за губење на килограмите.