Бидете во врска со личност која најпрво е ваш најдобар пријател, а потоа љубовник

Бидете во врска со личност која најпрво е ваш најдобар пријател, а потоа љубовник

Основата на секоја добра врска е пријателството помеѓу партнерите. Кога почнувате да се гледате со некого, таа личност станува вашиот најдобар пријател. Тоа е првата личност на којашто можете да ѝ се доверите, личноста со која поминувате најмногу време, личноста која е вашата поддршка и личноста на која ѝ верувате најмногу. Овие работи немаат никаква врска со сексот или со физичките аспекти на самата врска.

prvo-bidete-so-lichnosta-koja-e-vash-prijatel-a-potoa-so-lichnosta-koja-ja-sakate-kafepauza.mk

Не можете да изградите живот со некој само затоа што е привлечен или добар во кревет. Тие работи се само како бонус. Потребно е да постои физичката привлечност, но луѓето не остануваат заедно поради таа причина. Тие остануваат заедно поради нивните карактери, поради тоа што се надополнуваат. Луѓето остануваат заедно бидејќи се подобри личности кога се заедно отколку кога се сами.

Пронајдете некој што ќе ве направи подобра личност

Ова не значи некој што само ќе ве направи посреќни. Оваа личност треба да има такво влијание на вас што вие ќе сакате да станете најдобрата верзија од себе. Оваа личност треба да ги поддржува вашите идеи, цели и амбиции кога сите други ќе се откажат од вас. Тоа треба да биде некој што верува во вас и во вашите способности.

Пронајдете некој што ќе ви биде партнер во сè

Оваа личност треба да ги претвора вашите идеи во реалност бидејќи кога сте заедно ништо не може да ве сопре. Пронајдете некој што ќе сака да учи од вас, некој што го цени вашето мислење. Некој што ќе ве слуша дури и кога шепотите.

Пронајдете некој што ќе ја разбира вашата тишина

Пронајдете некој што ќе ги разбира вашите зборови. Некој што знае кога нешто не е во ред. Личност со која ќе можете постојано да бидете заедно и сепак ќе ви недостасува во моментот кога ќе се разделите.

Пронајдете некој што ќе ви простува

Кога ќе згрешите нешто и кога вашиот партнер е гневен, не само што сте лути на себе, туку криво ви е што сте го разочарале или повредиле партнерот. И кога мислите дека тој ќе си замине, тој ви кажува дека сè е во ред. Тој сепак ве сака. Тој ќе ви помогне да учите од своите грешки.

Пронајдете некој што не се откажува од вас

Дури и кога вие ќе се откажете од себе, дури и кога ќе ги тргнете сите други настрана. Дури и кога не сте горди на себе, пронајдете ја личноста која ќе остане со вас.

Пронајдете некој што ќе ве натера повторно да верувате во другите

Можеби сте осаменик, можеби ви било страв да се отворате пред другите. Но кога ќе најдете некој што ќе го запознае секој дел од вас, чувајте го. Оние кои разбираат колку е страшно да бидете ранливи, но сепак ќе ви помогнат, се личности на кои треба да им верувате.

Пронајдете некој што кажува што мисли

Оваа личност не треба да се плаши да ви каже што навистина мисли. Ќе ви каже каде сте згрешиле, но сепак ќе ве сака. Оваа личност треба да ве мотивира да станете најдобрата верзија од себе. Пронајдете некој што сè уште работи на себе, и помогнете му да се подобри. Помогнете му да го разбере својот вистински потенцијал. Помогнете му да ги постигне нештата кои му изгледале недостижни. И кога конечно ќе стигне таму, вие ќе бидете првите кои ќе го забележите тоа.

Пронајдете некој што сака да прави големи нешта со вас

Вашиот живот, вашата љубов, вашата кариера, вашата иднина. Некој што сака да инвестира во сите аспекти од вашата личност. Успехот не се постигнува бидејќи само вие верувате во себе. Потребно е и некој друг да верува во вас, да ве мотивира, да ве инспирира да постигнете повеќе. Кога ќе постигнете нешто што сте го сакале, ќе биде многу убаво да можете да ја прегрнете личноста која била со вас од самиот почеток. Личноста која и покрај сите неуспеси ве терала повторно да се обидете.

Пронајдете некој што ќе ве предизвика емоционално, ментално и физички

Оваа личност ќе ве запознае на начин кој е сосема нов за вас. Таа ќе ве натера да ги гледате работите од друга перспектива. Ќе ве натера да прочитате нешта кои не сте ги читале. Ќе ве натера да направите работи кои никогаш не сте ги направиле. Оваа личност ќе ве извади од вашата удобна зона.

Пронајдете некој што ќе остане

Вашиот партнер ќе ве види и во најлошо издание и сè уште ќе ве сака. Ќе остане со вас кога сте збунети и ќе ви помогне да сфатите што треба да правите. Тој треба да се грижи за вашата среќа и да ви помогне истата да ја постигнете.

Пронајдете некој што ќе учи од вас

И покрај сите неуспеси и промени, оваа личност ќе биде до вас и ќе ве потсетува колку сте неверојатни. Ќе го прави ова бидејќи навистина верува во вас повеќе од кој било друг.

Пронајдете некој што е различен

Ова треба да биде личноста која ве држи будни навечер. Личноста која со вас споделува луди идеи и со која се согласувате без да размислите. Го правите тоа бидејќи кај оваа личност има нешто што го нема кај никој друг.

Пронајдете некој што нема да ве напушти

На крајот, сепак тоа е најважното.

Дознајте и кои се најголемите разлики помеѓу вистинската љубов и привлекувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар