Бидете во тренд: 5-те најпопуларни бои за 2019 година
Нијансите што ќе владеат со 2019 година доаѓаат од понеутралната палета, онаа што е богата со земјени тонови. Подгответе се, бидејќи боите на оваа листа се многу уникатни – досега тие не се наоѓале олку високо на листата со трендови. Новата година не само што ќе ни донесе многу нови модни трендови, туку сите парчиња облека и накити ќе бидат во поразлични нијанси одошто досега. Ако ги погледнете модните писти, ќе сфатите дека најверојатно ќе ви треба мал шопинг доколку сакате да останете во тренд и оваа година.
Имено, во 2019 година, улиците ќе бидат преплавени со девојки во сенф жолта, маслинесто зелена, земјено кафена, темно розова и кралско сина боја. Да, добро прочитавте – црната повеќе не се наоѓа во топ 5 бои за 2019 година! Погледнете ги следниве Инстаграм објави од страна на популарни инфлуенсерки што можат да ви помогнат да добиете подобра слика за боите во тренд, како и инспирација за нивна комбинација.
1. Сенф жолта
2. Маслинесто зелена
3. Земјено кафена
4. Темно розова
5. Кралска сина