Бидете свои херои: 3 причини зошто жените не треба да очекуваат од мажите да ги спасат

Бидете свои херои: 3 причини зошто жените не треба да очекуваат од мажите да ги спасат

Голем дел од жените ја играат улогата „дама во опасност“ со цел некој џентлемен да дотрча и да ги спаси самите од себе. Иако тие се способни да се грижат за себе, сепак дозволуваат да се постават во подредена состојба под мажите, верувајќи дека нема да можат да успеат ништо без нивното присуство во животот. Но, колку е ова навистина реално? Дали и вие верувате дека не би успеале да ги постигнете своите цели без маж покрај себе? Погледнете ги следниве 3 причини зошто дојде време конечно да се заземете за себе и да престанете да очекувате дека некој маж треба да ве спаси…

Бидете свои херои: 3 причини зошто жените не треба да очекуваат од мажите да ги спасат

1. Жените имаат моќ да се заштитуваат

Ниту една жена не сака да ја прифати реалноста дека е сама во животот. Тие, другите луѓе и социјалните медиуми ги користат како одвлекување на вниманието со цел да ја избегнат оваа едноставна вистина. Токму затоа и се опколуваат со блиските и сакаат да создаваат сеќавања со нови личности. Особено кога се соочени со тивки моменти и имаат потреба да избегаат. Но, тоа не значи дека тие не знаат како да бидат самите со себе. Баш напротив, никој друг не знае подобро од нив што им е потребно во овој момент, без разлика за што станува збор. Тоа е една од најголемите причини зошто треба да си верувате на себе доколку сакате да се заштитите во животот, а не да ја префрлате оваа ваша одговорност на секој маж кој ќе го сретнете во вашиот живот.

2. Жените ги имаат клучевите од нивното срце

Љубовта е нешто што едноставно ви се случува. Но, љубовта исто така е и избор. И покрај тоа, жените сепак се заљубуваат дури и во оние моменти кога знаат дека не се покрај мажот кој е соодветен за нив бидејќи веруваат дека не можат да успеат самите. Тие веруваат дека нивниот живот ќе биде празен доколку не се во врска. Токму оваа потреба од машко присуство најчесто ги води во погрешна насока, оддалечувајќи ги уште подалеку од нивните цели и замисли за животот. Вие не треба да дозволите да бидете дефинирани од мажот покрај вас, туку од онаа личност која ја поседувате длабоко во себе. Не им дозволувајте на емоциите да ве натераат бесцелно да лутате низ животот, туку погрижете се добро да размислите пред да донесете финална одлука со цел да најдете баланс помеѓу оние нешта кои ги сака вашето срце и оние кои ги сака вашиот ум. Тоа е единствениот начин да живеете квалитетен живот. И никогаш не заборавајте дека токму вие сте единствената личност која ги поседува клучевите од своето срце, како и единствената која може да ги подари.

3. Жените можат да ги остварат своите бајки во реалноста

Вашиот принц може да ве држи во неговите раце додека не изгрее сонцето, но тој сепак нема да биде сè тоа кое вие го сакате и го заслужувате. Сите жени имаат нереални очекувања кога станува збор за мажите во нивниот живот, па токму затоа и очекуваат и тие да ги спасат самите од себе и од нивното осамено постоење. Но, без разлика на тоа што се случува, мажите не се вашите херои. Доколку се препуштите на вакво верување, без сомнение ќе бидете разочарани бидејќи исто како вас, така и тие се само луѓе. А луѓето прават грешки. Тие не можат да ве спасат, исто како што не можат самите да ви овозможат да живеете среќно до крајот на животот, па токму затоа и не треба да го очекувате тоа. Вие треба да се борите за вашиот живот, од ден за ден, секојдневно целејќи кон ваше подобрување. Исто така треба и да ги прифатите оние нешта кои не можете да ги смените, како и вашите маани со цел да почнете да живеете подобро. Вашата бајка може да стане реалност, доколку сфатите дека живеете во реалноста и дека токму вие сте оние кои одлучуваат во која насока ќе се движи вашиот живот. Преземете контрола и одговорност врз вашиот живот и работите брзо ќе почнуваат да паѓаат на своето место…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар