Бидете со некој кој ќе сака да изгради дом со вас

Бидете со некој кој ќе сака да изгради дом со вас

Бидете со некој кој со вас ќе го гледа живот во иднината, кој нема да ве гледа само како привремена забава, ќе сака да остане покрај вас во текот на ноќта и со сета љубов ќе ви подготви појадок следното утро, со некој кој ќе се грижи за вас и за вашата среќа. Не дозволувајте да бидете со некој кој само ќе ве прашува како ви било претходниот ден, туку со некој кој ќе сака да биде со вас и во утрешниот ден.

Бидете со некој кој ќе сака да изгради дом со вас

Одберете личност која ќе ве гледа сериозно и ќе ви ги покажува своите чувства. Некој кој ќе знае да ве цени, да ве разбере и да ја држи вашата рака без намера да ви ја пушти. Бидете со некој чијашто љубов е вечна, како изгрејсонцето и зајдисонцето. Некој кој е искрен и постојано присутен до вас, некој во кој кога ќе погледнете би знаеле дека сте спремни да го поминете целиот живот со него, дека го сакате бесконечно. Нека тој биде вашата омилена личност, вашата љубов која никогаш не згаснува и вашиот животен придружник. Тој треба да биде причината вие да верувате во бајки и среќен крај. На него треба да помислувате секогаш кога ќе го слушнете зборот „љубов“. Тој треба да ви биде другар во вашите подеми и падови.

Бидете со некој кој ќе направи да се чувствувате удобно и кој ќе сака да изгради дом со вас. Со некој со кој совршено ќе си одговарате и ќе ги трошите слободните денови заедно, без разлика каде и да сте, важно ќе ви биде само да сте до него. Бидете со некој кој ќе умее да ги согледа сите ваши предности и недостатоци и кој ќе ве сака токму онакви какви што сте. Некој на кој вие ќе му бидете целиот свет и ќе се обидува да ве заштити. Бидете со некој со кој не треба да се грижите дали сте доволно добри за него, ниту пак да се плашите дека еден ден тој ќе престане да ве сака. Доколку гледа иднина со вас, тој ќе го следи секој ваш чекор. Вие ќе бидете неговиот дом кој никогаш нема да го напушти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар