Бидете силни и заминете: Во што се состои животната вистина?
Иако можеме да бараме и читаме безброј книги и научни студии кои можат да ни помогнат подобро да го сфатиме животот со сите негови тајни, сепак најдобри се оние текстови, цитати, поеми, стихови кои се малечки и кои наместо со големината, својот квалитет го покажуваат со едноставноста и зборовите кои совршено ја доловуваат смислата на животот. Во тој контекст, прочитајте ја оваа кратка поема која ќе ве замисли и ќе ве исполни со енергија да го зграпчите секој нов ден.
Не дозволувајте ниедна личност да ве спушти толку ниско
што ќе ја замразите. Ослободете ја од оковите со кои ве држи
и продолжете понатаму со мир во срцето.
Животот е краток и не вреди да го поминете трошејќи го
своето време, обидувајќи се да ги откриете луѓето или
да им се докажувате. Единствената личност на која треба
нешто да докажете сте самите вие.
Стремете се да бидете
најдобрата личност што можете, бидете силни и заминете.
Држењето лутина и бес само ќе ви ја саботира среќата.
Вашиот живот е премногу посебен и бесценет
за да ги трошите минутите грижејќи се за оние кои не ве прават среќни.
Кажете им збогум и посакајте им сѐ најдобро.
Сепак, ве направиле посилна личност. И тие еден ден
ќе ја видат светлината.