Бидете благодарни за малите работи во животот, дури и во најлошите денови
Кога имате лош ден може да почнете да мислите дека сè на овој свет е лошо и дека не постои ништо добро во него, но верувајте дека грешите. Тешко е да гледате на подобрата страна кога сте нерасположени, тажни и депресивни, но сетете се на овие мали работи за кои треба да бидете благодарни и ќе забележите како вашето расположение се менува на подобро.
1. Кафе. Јако, вкусно кафе. Можеби немавте доволно сон, но затоа тука е кофеинот да ве врати во живот.
2. Неуредни пунџи кога вашата коса има лош ден. Во брзање сте и немате доволно време за да ја средите косата? Затоа служат многубројните ластици и шноли.
3. Да се има пријател кој секогаш ќе биде покрај вас. Има многу работи за кои треба да им заблагодариме на нашите најдобри пријатели, но една од најважните е тоа дека тие секогаш се покрај нас кога навистина ќе ни затребаат. Нема ништо подобро од тоа да се има пријател кој е секогаш тука за да ве расположи.
4. Вашата омилена песна. Музиката е најдобра терапија. Вклучете ја вашата омилена песна и заиграјте го вашиот специфичен танц. Ова ќе ви помогне да ја ослободите негативната енергија која се насобрала во вас.
5. Чиста вода за пиење. Големи се шансите дека ако го читате ова вие може лесно да дојдете до чиста вода за пиење која е потребна за здрав живот. И тоа бесплатно! Не заборавајте колку е тоа прекрасно, иако звучи смешно. Замислете колку луѓе на овој свет ја немаат оваа среќа. Плус, водата е супер пијалак за жешките летни денови.
6. Кратки месечни циклуси. Секогаш се жалиме за грчевите во стомакот и за тоа колку се тешки нашите циклуси, но сите ние треба да бидеме благодарни што природата не ги направила да траат подолго.
7. Големата помош од коректорот кога мозолчињата ќе нападнат. Интересно е кога гледате како досадните мозолчиња полека исчезнуваат од вашето лице после нанесувањето на шминка. Прославувајте ја победата над нив.
8. Сознанието дека сè е привремено. Кога работите се надвор од контрола, запомнете една важна работа – ништо не е вечно. Понекогаш времето ги лечи раните или пак решението за некој проблем ќе излезе на површината. Ова понекогаш го забораваме, но треба да бидеме среќни поради тоа.
9. Можноста за правење грешки. Кога ќе погледнете назад, нема да зажалите за нив. Тие ви помогнале да научите нешто, а тоа е дел од созревањето.
10. Социјалните медиуми се бесплатни. Со оглед на тоа колку време трошиме на нив, треба да им се заблагодариме што го трошиме нашето време целосно бесплатно.
11. Да имате љубов во вашиот живот. Љубов не значи само да се биде во врска. Љубовта може да доаѓа од вашите пријатели, семејството, па дури и од вашиот миленик. Многу луѓе повеќе се фокусираат на љубовта која им недостига, отколку на онаа што веќе ја имаат.
12. Првиот лош состанок. Можеби не се согласувате со ова. Но, подобро е да знаете дека врската нема да успее после првиот состанок отколку да го трошите вашето време со некого кој нема да ви се допадне подоцна. Ако лошиот состанок се претвори во прекрасна приказна, тогаш навистина треба да бидете благодарни.
13. Утре е нов почеток. Кога имате лош ден, единственото нешто што треба да го направите е да заминете во кревет и утредента да ги започнете работите одново.
14. Слушалките ве одржуваат нормални. Повеќето од нас го потценуваат ефектот што го имаат слушалките врз нашиот ден. Но, кога сте без нив и треба да комуницирате со луѓе кои не ви се допаѓаат или пак ви е досадно на работа, ќе сфатите што значат тие за вас.
15. Постоењето на интернетот. Нема повеќе чекање за да добиете одговор преку пошта, можеме веднаш да ги видиме нашите сакани кои се на другата страна од светот, може да ги дознаеме најновите вести за неколку секунди. Животот е многу полесен.