Би пробале ли оргазмичка медитација?
Оргазмичката медитација (ОМ) е техника за добросостојба која им помага на партнерите да достигнат подлабоко ниво на поврзаност со себе и помеѓу нив. Овој интимен медитативен пристап се верува дека може да предизвика засилен оргазам на начин кој им помага и на двете страни да постигнат поголема поврзаност, виталност, задоволство и значење во секој аспект од нивниот живот.
Оваа техника се применува така што жената ја соблекува својата долна облека и легнува долу. Потоа партнерот ќе седне покрај неа и нежно ќе го масира нејзиниот клиторис околу 15 минути. Целта е со помош на овие сесии да се зголеми сензацијата, поврзаноста и чувството на добросостојба во телото на двајцата партнери.
Оние кои ја практикуваат оргазмичката медитација тврдат дека доживеале оргазам кој е многу поразличен од оној „стандардниот“ со кој сите се запознаени. Причината се наоѓа во тоа што партнерот ѝ дозволува на својата партнерка целосно да се опушти и релаксира. Доколку сакате и вие да се обидете, погледнете го овој туторијал кој ќе ви ја покаже чекор по чекор оваа медитација.