Безвремено парче облека: Бела блуза!

Безвремено парче облека: Бела блуза!

Исто како и секое црно парче облека, така и белата блуза може да биде вашата добитна карта кога ќе добиете изненаден повик за излегување, а немате доволно време за да изберете соодветен аутфит.

Скоро секоја девојка има бела блуза во својот гардеробер и најдоброто нешто со неа е што можете да ја комбинирате на милион начини. Кога станува збор за цената и вредноста на белата блуза, таа е непроценлива. Иако можеби тоа е најевтиното парче што го имате, факт е дека можете да ја облечете во секоја прилика, а сепак секогаш да изгледате поразлично.

1-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_

Ова есенцијално парче облека е вашиот најдобар сојузник за секојдневни, лежерни комбинации, но и во работни прилики, каде што можете да ја носите под сакото. Кога станува збор за вечерно излегување, тогаш пар добри обувки и малку накит во комбинација со бела блуза, претставува избор со кој нема да погрешите.

2-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_

Иако, примарно е направена како дел од долната облека или како парче кое се комбинира со лежерна облека, во белата блуза можете да и изгледате дотерано доколку ја споите со шик аксесоари. Но пред сè, најважно е да проверете во каква состојба е вашата блуза. Иако се смета за безвремено парче и без разлика колку долго ја имате, оваа блуза треба да изгледа потполно ново, со чиста бела боја, без никакви жолти дамки и сивило од перењето. За да изгледа перфектно во секоја комбинација, неопходно е да се држите до основните правила за одржување на ткаенината. Ако вашата блуза го изгубила обликот и сега виси на вас, тогаш е време да ја замените со нова.

3-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_

Како што кажавме погоре, белата блуза можете да ја комбинирате со сè. Кога со фармерките и чевлите со висока потпетица ќе додадете масивен ѓердан, квалитетна чанта и тренди очила, не ви е потребно ништо повеќе освен една обична, сосема обична, бела блуза. Малку е повеќе, водете се со таа мисла и ретко кога ќе облечете погрешни модни комбинации.

4-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_

Ако ја комбинирате белата блуза со панталони или здолништа со висок струк, тогаш сте го направиле вистинскиот избор. Сè што треба да направите е да ја вовлечете блузата во панталоните или здолништето. Ќе изгледате свежо и елегантно, како навистина да сте потрошиле време, а вам сè што ви било потребно биле неколку минути. Во комбинација со елек, белата блуза доаѓа до израз баш онолку колку што сакавте. Сега во тренд е мантил без ракави, а тој одлично се комбинира со база од памук во бела боја.

5-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_

Да изгледате софистицирано и шик во класична бела блуза е апсолутно возможно со вистинскиот избор на останатите дневни парчиња. Вообичаените бели и црни комбинации секогаш даваат впечаток на стил и среденост, па затоа не откажувајте се од комбинацијата која на прв поглед можеби ви изгледа досадно. Бело на бело, како и црно одело со бела блуза е класика која нè следи со години, но интересен модел на сако и панталони можат да ја освежат и таа стара, досадна комбинација.

6-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_

Белата блуза чувајте ја и пазете ја како богатство на вашиот гардеробер. Таа ќе биде вашиот добар сојузник во повеќе прилики и ќе бидете благодарни што ја имате.

7-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар