Безглутенски какао тортички
Вкусно безглутенско задоволство кое ќе ви го направи денот поубав
Потребни состојки:
- 1 банана
- 1 лажичка ванила
- 60 милилитри јаворов сируп (додадете повеќе ако сакате тие да бидат поблаги)
- 340 грама црн грав од конзерва, измиен и исцеден
- 40 грама какао
- 1/4 лажичка сол
- 75 грама бадеми, исецкани
- 25 грама кокос
- 1 лажица чиа
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната на 175 степени и оставете ја да се загрее. Ставете ги бананата, ванилата и јаворовиот сируп во блендер и мешајте сè додека не добиете мазна мешавина. Потоа додајте го и црниот грав, какаото и солта и мешајте минута-две или сè додека повторно не добиете мазна мешавина. Претурете ја мешавината во сад, а во блендерот ставете ги бадемите и кокосот. Мешајте сè додека нивната големина не стане по ваш вкус. Откако ќе завршите, претурете ги во садот со мешавината, додајте ги и семките од чиа и мешајте сè додека сите состојки не се соединат. Калапот за печење (20,3 см x 28 см) премачкајте го со тенок слој масло и сипете ја мешавината за тортичките. Печете 35 минути.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.