Безглутенска гранола за совршено здраво утро
Постојано сме во потрага по што е можно поздрави оброци, како утрински така и во вид на ужини со кои ќе можете да ги замените нездравите благи. Ви откриваме рецепт за сјајна безглутенска гранола која е идеална за сите оние кои се интолерантни на глутен, но и за оние што едноставно сакаат да јадат поздраво.
Потребни состојки:
- 200 грама оризови снегулки
- 30 грама експандиран ориз
- 30 грама експандирано просо
- 70 грама сончогледови семки
- 70 грама сусам
- 60 грама кокос
- 180 грама оризов сируп
- 50 милилитри кокосово масло
- 100 грама суво грозје
- Прстофат мелена ванила
- 1 лажичка цимет
- Прстофат сол
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната да се грее на 160 степени Целзиусови. Во голем сад промешајте ги сите суви состојки, поточно сѐ освен кокосовото масло и оризовиот сируп. Потоа, растопете го кокосовото масло и сите состојки добро измешајте ги. На тавата ставете хартија за печење и на него рамномерно посипете ја смесата и печете околу 25 минути со повремено мешање за да е испечена подеднакво. Изладете ја и послужете ја со јогурт и свежо овошје по желба.
Исто така, ви предлагаме да го погледнете овој брз и лесен рецепт за вкусни безглутенски какао коцки.