Безалкохолни коктели кои ќе ве разладат за време на летните горештини!

Безалкохолни коктели кои ќе ве разладат за време на летните горештини!

Нема ништо подобро од тоа да се одмориме по напорниот работен дома со чаша вкусен пијалак! Но, за време на високи температури, неопходно е да се избегнуваат кофеинот и алкохолот. Затоа, денес ви предлагаме рецепти за вкусни безалкохолни коктели кои ќе ве освежат за време на неподносливите летни горештини.

Безалкохолни коктели кои ќе ве разладат за време на летните горештини!

Мохито

Потребни состојки:

  • 600 милилитри газирана вода
  • свежо нане
  • 1 лажичка агаве сируп или шеќер
  • 4 парчиња свежа лимета
  • коцки мраз

Начин на подготовка:

1. На дното од бокалот ставете го нането со сирупот или шеќерот. Лесно притиснете врз листовите нане за да се ослободи неговата карактеристична арома.

2. Наполнете го половина бокал со мраз, а потоа додадете минерална вода. Додадете ги парчињата лимета и промешајте. По неколку минути ќе биде готово за консумирање! На здравје!

Пиња Колада

Потребни состојки:

  • 2 чаши сок од ананас
  • ¾ шолја крем од кокос
  • коцки мраз
  • коцки ананас за декорација
  • мараскино вишна за декорација

Начин на подготовка:

1. Во блендер измешајте ги сокот од ананас и кокосовиот крем. Додадете ги коцките мраз и мешајте уште 30-60 секунди додека смесата не се изедначи.

2. Налејте од смесата во чаши и украсете со ананас, цреши и чадорчиња за коктели. На здравје!

Откако ги прочитавте нашите рецепти за безалкохолни коктели, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за освежувачки пролетни коктели што не ѝ штетат на вашата линија.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар