Без вежбање и гладување: Оваа диета стана вистински хит во светот
Доколку сакате набрзина да го изгубите вишокот килограми, а ве мрзи да вежбате или пак мака ви е од гладување, можеби сè уште не сте ја испробале таканаречената Американска диета. Во прашање е една варијанта на славната Аткинсова диета која се заснова на потполно исфрлање на јаглехидратите од дневното мени и внесување на протеини.
Оваа диета ќе ви ја препорачаат и некои нутриционисти, но можеби не со задоволство, бидејќи во неа се изоставуваат и витамините. Затоа е неопходно додека ја држите да земате и додаток во исхраната во вид на витамини Ц и Д, магнезиум, цинк…
После првите шест дена од оваа диета вагата би требало да покажува 5 килограми помалку, а после тоа секојдневно се губи по уште еден килограм. Оваа диета не би требало да се држи подолго од 24 дена, а за тоа време може да се изгубат и до 20 килограми. Многу е важно да обрнете внимание на тоа дека и минималното внесување на јаглехидрати може да го прекине губењето на масни наслаги и килограми.
Експертите велат дека после американската диета ќе бидете „мирни“ две години, поточно тоа е периодот во кој вашите килограми нема да се вратат и нема да има јо-јо ефект. Уште една добра страна на оваа диета е тоа што во неа нема гладување – количината на храна не е ограничена, туку само нејзиниот избор. Односно, вашата исхрана во суштина ќе се сведе на месо, јајца и салата.
Дозволени производи:
1. Сите видови месо – пилешко, телешко, свинско, јагнешко, јунешко, мисиркино, сите видови џигер, дивеч… Месото може да се јаде подготвено на скара, печено, сушено, варено или пржено. Но, заборавете на колбасите, виршлите и сите видови сувомесни производи.
2. Сите видови риба.
3. Јајца – варени, пржени, или во вид на омлет.
4. Зеленчук – марула, пиперки, домат, краставица, зелка, цвекло, кромид, спанаќ, карфиол, блитва, кељ, аспарагус, артичока, ајвар, модар домат, морков, целер, репка, брокула… Сите салати можете да ги зачините со сол, бибер, масло и оцет.
5. Пијалаци – црно кафе, минерална или обична вода, сите видови чаеви без шеќер, лимонада без шеќер.
Забранети производи:
1. Леб, шпагети или каков било вид тесто.
2. Млечни производи.
3. Ниту еден вид слатки, грицки, ниту пак овошје.
4. Компир, ориз, грав, грашок, презла, похувано месо, леќа.