Без шеќер и конзерванси: Најлесниот рецепт за домашен џем од јагоди
Сезоната на јагодите е веќе тука, а овие црвени овошки се неодоливи и кога се во форма на џем. Во продолжение прочитајте го најлесниот домашен рецепт за џем од јагоди, без шеќер и конзерванси, кој е толку лесен да се направи што ќе им успее и на сите почетници во кујната.
Потребни состојки:
- 1 килограм јагоди
- 60 милилитри лимонов сок
- 3 кафени лажички кора од лимон
- 70 грама мед
Начин на подготовка:
Исчистените јагоди иситнете ги и изгмечете ги, а потоа ставете ги во длабок сад. Додајте ги и останатите состојки: Кората од лимон, сокот од лимон и медот. Добро помешајте и ставете да се готви на среден до лесен оган со често мешање. Кога смесата ќе стане доволно густа, односно кога ќе се појават балончиња, по околу 45 минути готвење, џемот е готов. Оставете да се излади и џемот од јагоди е спремен за консумација. Чувајте го на ладно место, а може да трае и до 2 недели.