Без розова и црвена боја: 6 необични модни комбинации за Денот на вљубените - Part 3

Без розова и црвена боја: 6 необични модни комбинации за Денот на вљубените

4. Најдобро е да го облечете она што вам најмногу ви одговара, она во кое ќе се чувствувате добро и удобно, а посебно доколку ова е ваш прв заеднички Ден на вљубените, па сѐ уште не знаете ниту како да се однесувате, а ниту што да очекувате. Во тој случај одлучете се за она во кое сте сигурни дека ќе имате самодоверба и дека најпрво вам ќе ви биде удобно, бидејќи тоа ќе му го пренесете и на вашиот партнер.

7-bez-rozova-i-crvena-boja-6-modni-kombinacii-za-denot-na-vljubenite-koi-ne-se-stereotipni-www.kafepauza.mk_ 8-bez-rozova-i-crvena-boja-6-modni-kombinacii-za-denot-na-vljubenite-koi-ne-se-stereotipni-www.kafepauza.mk_

5. Фустанот е секако еден од најдобрите избори кога се ваквите прилики во прашање. Ќе изгледате женствено, привлечно, а сигурно ќе добиете и прекрасен комплимент од вашиот партнер. Затоа изберете го оној фустан кој совршено ви прилега, ја истакнува вашата фигура и не остава никого рамнодушен. Освен тоа, кога ќе го изберете совршениот фустан за себе, не ви преостануваат многу „грижи“. Изберете кои обувки и чанта ќе ги вклопите со него, а целата комбинација надополнете ја со парче накит, можеби баш со она кое сте го добиле претходно од партнерот, што ќе го направи среќен и горд што ве има.

9-bez-rozova-i-crvena-boja-6-modni-kombinacii-za-denot-na-vljubenite-koi-ne-se-stereotipni-www.kafepauza.mk_10-bez-rozova-i-crvena-boja-6-modni-kombinacii-za-denot-na-vljubenite-koi-ne-se-stereotipni-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар