Без печење: Рецепт за вкусен и едноставен десерт
Денес ви споделуваме рецепт за неверојатно вкусен десерт кој не се пече. Освен тоа, колачот не содржи брашно и неговата подготовка е многу едноставна Морате да го пробате, особено доколку немате време за готвење.
Потребни состојки:
- 200 грама бисквити
- 100 грама ореви или други јаткасти плодови по желба
- 80 грама путер
- прстофат сол
- 200 грама чоколаден намаз
- 400 грама крем сирење
- 50 грама шеќер во прав (или друг засладувач)
- 200 милилитри павлака
- јаткасти плодови и чоколадо за украсување
- калап за торта
Начин на подготовка:
1. Сомелете ги бисквитите. Во друг сад сомелете ги и оревите, а потоа измешајте ги со мелените бисквити. Додадете 80 грама путер и измешајте.
2. Префрлете ја смесата во калап од 18 сантиметри и распределете ја рамномерно. Измешајте 200 грама крем сирење со 200 грама чоколаден намаз и нанесете ја смесата во калапот.
3. Изматете 200 милилитри павлака со шеќер во прав, а потоа додадете го преостанатото крем сирење. Префрлете ја добиената смеса во калапот.
4. Украсете ја тортата со ореви и чоколадо. Оставете ја да отстои во фрижидер неколку часа пред да ја послужите. Добар апетит!
Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за колач со пудинг и банани.
Извор: atma.hr