Без печење: Едноставен рецепт за колач со пудинг и банани

Без печење: Едноставен рецепт за колач со пудинг и банани

Со доаѓањето на потоплите денови логично е дека сите сакаме да уживаме во освежувачки десерти. Комбинацијата од чоколадо и овошје знаеме дека е една од најдобрите, а ако постои таков десерт без печење, тогаш нема причина зошто да не го пробаме уште денес.

Поради секојдневните обврски честопати немаме време за готвење, но овој брз колач без печење е совршеното решение. Станува збор за колач од пудинг, банани и бисквити, а погледнете како можете да го направите.

Без печење: Едноставен рецепт за колач со пудинг и банани

Потребни состојки:

  • 3 ќесички пудинг од чоколадо
  • бисквити
  • банани
  • кокосови струготини (по желба)
  • бобинки (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Потребен ви е правоаголен сад во кој ќе ставите еден слој бисквити, а на нив насечени банани.
  2. Кога пудингот ќе биде готов додадете кокосови струготини или бобинки по желба.
  3. Потоа, истурете го рамномерно врз бисквитите и бананите и ставете во фрижидер да се зацврсти.
  4. Декорирајте со кокосови или чоколадни струготини, банани или по желба.

Пробајте го и овој рецепт за домашен сладолед од чоколадо без јајца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар