Без јајца и масло: Најлесниот рецепт за вкусен и крцкав карфиол!
Карфиолот е зеленчук кој може да се приготви на повеќе начини. Можете да го додадете во супи и чорби, па дури и во пици, а можете и да зготвите пире од него. Похуваниот карфиол е особено популарна опција и се служи како предјадење во многу ресторани. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за похуван карфиол со брашно од наут.
Потребни состојки:
- 400 грама свеж карфиол
- 200 грама лебни трошки
- 50 грама брашно од наут
- 10 лажици вода
- 1 лажица сок од лимон или лимета
- 1 лажичка ким
- 1 лажичка лук во прав
- сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови.
2. Исечете го карфиолот на парчиња и измијте ги и оставете ги да се исушат.
3. Во друг сад измешајте го брашното од наут со водата и сокот од лимета. Додадете сол и бибер по желба.
4. Во друг сад измешајте ги лебните трошки со малку сол, ким и лук во прав.
5. Парчињата карфиол потопете ги во садот со брашното, а потоа во садот со лебните трошки.
6. Вака подготвените парчиња карфиол ставете ги на хартија за печење, а потоа во рерна да се печат околу 30 до 40 минути додека карфиолот не стане крцкав. Не заборавајте во текот на печењето да ги превртите парчињата карфиол за рамномерно да се испечат.
7. Послужете со сос по желба. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за крцкав карфиол, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за пире од карфиол.
Извор: punkufer.dnevnik.hr