Без брашно, млеко и јајца: Рецепт за најлесната торта за која ви се потребни само 3 состојки

Без брашно, млеко и јајца: Рецепт за најлесната торта за која ви се потребни само 3 состојки

Испробајте го нашиот рецепт за најлесната чоколадна торта без печење за кој ви се потребни само три состојки!

Без брашно, млеко и јајца: Рецепт за најлесната торта за која ви се потребни само 3 состојки

Потребни состојки:

  • 375 милилитри кокосово млеко
  • 220 грама овесна каша
  • 170 грама темно чоколадо

Начин на подготовка:

1. Исечкајте го чоколадото на ситни парчиња и загрејте го кокосовото млеко.

2. Прелијте го чоколадото со кокосовото млеко и оставете го неколку минути.

3. Мешајте додека да се растопи чоколадото за да добиете еднолична смеса.

4. Во смесата додадете ја овесната каша и убаво промешајте.

5. Префрлете ја смесата во калап за колачи.

6. Оставете го колачот да се излади, а потоа ставете го во фрижидер да отстои три до четири часа. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт за чоколадна торта, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за колач со пудинг и банани.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар