Бевте одбиени на интервју за работа? 8 работи кои треба да ги знаете за да се чувствувате подобро

Бевте одбиени на интервју за работа? 8 работи кои треба да ги знаете за да се чувствувате подобро

Дали неодамна сте биле одбиени на интервју за работа и тоа направило да се посомневате во вашиот потенцијал?

Прифаќањето и одбивањето се дел од животот. Секој бил во ситуација кога брутално бил одбиен на интервју дури и откако вложил многу напор. Ако сте вознемирени затоа што сте одбиени, вие само го трошите вашето драгоцено време.

Зошто би ве вознемирило тоа? Животот е полн со можности и ако бидете одбиени во една ситуација, ќе добиете можност да се подобрите во следната. Ќе ви дадеме неколку совети што може да ви помогнат да се чувствувате подобро по одбивањето.

Бевте одбиени на интервју за работа? 8 работи кои треба да ги знаете за да се чувствувате подобро

1. Не сте вие виновни

Природно е да се има реакција на секаков вид одбивање. Секој бил во таква ситуација. Сепак, размислете подлабоко. Зошто би биле виновни? Бевте присутни на интервјуто и го дадовте најдоброто од себе. Доколку сте прифатени, нема ништо подобро од тоа. Но, доколку сте одбиени, тоа едноставно значи дека некој друг повеќе одговара за таа работна позиција од вас. Тоа не значи дека вие не сте доволно квалификувани.

Не размислувајте премногу за причините поради кои можеби сте одбиени. Колку повеќе ќе размислувате, толку повеќе ќе бидете вознемирени. Како последица на тоа, нема да можете да се концентрирате добро на следните интервјуа.

Дали ќе бидете прифатени или одбиени не е ваш избор. Она што можете да го направите е да бидете најдобри што можете. Продолжете така и добрите резултати се сигурни.

2. Не дозволувајте одбивањето да ве обесхрабри

Треба да ја разберете положбата и на лицето што ве интервјуира и неговите причини за одбивањето. Но, дали тоа значи дека треба да изгубите надеж и да се обесхрабрите. Не!

Можете да го прифатете неговото мислење за да се подобрите. Сепак, тоа не е краен исход. Затоа, никогаш не се обесхрабрувајте заради одговорот по интервју. Никогаш немојте да престанете да верувате во себеси и во своите вештини.

3. Започнете од почеток

Одбиени сте на интервју? Дали тоа значи дека вашиот живот е завршен? Секако дека не. Тоа е едноставно знак дека ќе добиете друга шанса. Затоа, престанете да размислувате за тоа и продолжете од почеток.

Обидете се да ја збогатите вашата биографија со нови искуства. Почнете повторно да се подготвувате за нови интервјуа. Обидете се да соберете што е можно повеќе информации за компаниите што сте ги одбрале. И кога ќе сте сигурни во себе, појавете се полни со самодоверба.

Запомнете една работа; никогаш нема да можете да постигнете успех доколку не сте подготвени за нови можности. Затоа, заборавете на старите интервјуа и подготвувајте се за новите.

4. Не сте само вие

Постојат стотици потенцијални кандидати кои се одбиени на интервјуа. Значи, вие дефинитивно не сте сами во оваа борба. Наместо да се разочарате, направете подобра стратегија.

Можете да истражувате повеќе преку порталите за работа, да стапите во комуникација со лицата кои работат во иста област. Ова ќе ви помогне да дознаете повеќе за вашата улога во работниот процес. Затоа, престанете да се чувствувате разочарано и започнете да истражувате.

Бевте одбиени на интервју за работа? 8 работи кои треба да ги знаете за да се чувствувате подобро

5. Започнете со анализа

Откако ќе го прифатите одбивањето, вашата следна должност е да анализирате. Оној кој е сигурен во себе не жали за она што не се случило. Наместо тоа, тој или таа се обидува да ги анализира и процени причините за одбивањето.

Значи, треба да откриете каде нештата тргнале наопаку и да работите на подобрување за следниот пат. Откако ќе прифатите дека сте одбиени и ќе почнете да размислувате разумно, ќе можете да откриете некои работи со кои не сте биле запознаени порано. Обидете се да ги совладате и бидете подготвени на следните интервјуа.

6. Прашајте за причината

Секогаш можете да го прашате лицето што ве интервјуира за причината поради која сте одбиени. Тоа ќе ви помогне да ги разберете вашите слабости. Врз основа на тоа, ќе можете да разберете каде треба да вложите повеќе труд.

Сепак, не сите баратели на работа се подготвени да прашаат за причините за нивното одбивање на крај на интервјуто, бидејќи за тоа е потребно многу храброст. Но, ако навистина сакате да ги знаете причините, постојат и други начини. Можете да пратите електронска пошта до работодавачите во која ќе искажете благодарнот и ќе прашате за она што ве интересира. Всушност, ова би можело да биде многу храбар потег од ваша страна и со ова може да го импресионирате работодавачот, па да закаже второ интервју со вас.

7. Одбивањето може да биде благослов

Одбивањето може да биде благослов ако размислувате за тоа на позитивен начин. Помислете само дека вас ве чека нешто подобро. Оваа мисла можеби нема да направи да се чувствувате подобро веднаш по интервјуто, но сигурно ќе ве мотивира да започнете да ја гледате позитивната страна.

Само помислете дека со тоа што ќе бидете одбиени, вие имате можност за подобра работа која би можела да биде подобро платена и повеќе ќе ви одговара. Оптимистичката страна на гледање на работите ќе ви помогне да ги намалите вознемиреноста и стресот.

8. Верувајте во себе

Последно, но не и најмалку важно: никогаш не престанувајте да верувате во себе. Вие сте извор на вашата моќ. Затоа, никогаш не се обесхрабрувајте и никогаш не се сомневајте во вашите способности. Ако сте одбиени на интервју, тоа не значи дека е крај на светот. Верувајте дека секогаш ве чека нешто подобро.

Ова беа осум совети за надминување на депресијата после одбивањето. Сепак, еден совет што е над сите овие е дека не треба да се откажувате. Исто така, запомнете дека учењето е многу важно. Одбивањето на едно интервју не ве дефинира како личност и долгорочно.

Она  што е важно е како го прифативте одбивањето и што научивте од него. Многу поважно е колку силно ќе работите на слабостите за да се подобрите. Затоа, не откажувајте се и продолжете да се борите.

Можеби сакате да прочитате и за тоа дека зад овие фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресија.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар