Бесплатна навика која ќе ви помогне брзо да изгубите 3,4 килограми
Со доаѓањето на крајот на летото, на некој начин завршува и броењето килограми и сантиметри кои никогаш не можат да ја достигнат бројката која жените ја посакуваат. Но, според новите истражувања постои еден метод со чија помош можете многу брзо да се ослободите од тие вишок килограми. Со помош на оваа навика вие без стрес, нервирање и разочарување можете брзо и едноставно да ја постигнете вашата цел.
Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Бирмингем, многу е важно да внесувате и по половина литар вода пред секој оброк. Во ова истражување учествувале 84 личности кои имаат проблем со тежината. Во текот на 12 недели, тие консумирале поголема количина вода пред јадењето, додека пак 43 од нив добиле упатство да почнат со јадење замислувајќи дека желудникот им е веќе полн. Резултатите покажале дека оние кои пиеле повеќе вода пред сите 3 оброка, во текот на истражувањето изгубиле околу 3,4 килограми, додека пак оние со замислениот полн желудник околу 0,8 килограми.
Испитаниците пиеле исклучиво вода од чешма, додека пак минералната вода им била забранета. Научниците заклучуваат:
„Убавината во ова откритие е токму едноставноста. Ако пиете вода пред оброкот, ќе ги изгубите вишокот килограми. Доколку ова правило го почитувате покрај физичката активност и здравата исхрана, без сомнение ќе изгубите и многу повеќе. Оваа навика навистина не е тешка за стекнување во нашиот бурен живот.“