Бескрајна забава со најдобрите Kinect игри за Xbox
Kinect игрите за Xbox целосно го променија начинот на кој претходно се играше. Со помош на најновите сензори, не ви се потребни џоистици – вие контролирате сè. На пример, ако одлучите да играте игри од областа на атлетиката, сè што се бара од вас е да станете од каучот, да направите малку место пред телевизорот и да започнете да трчате.
Забава за сите возрасти
Од најмлади до најстари, секој може да ја најде својата игра за Kinect. Во зависност од играта, можат и повеќе луѓе да играат одеднаш. Но, не секогаш мора да бидете во иста просторија со вашите пријатели… Можете да играте и онлајн, каде што имате можност за комуницирање со видео во текот на играњето.
Спортови
Имате голема желба за спортување, но времето не е на ваша страна? Тоа повеќе не е проблем… Со првата сезона од спортови можете да куглате, да играте одбојка, пинг понг, фудбал, атлетика или да боксувате без воопшто да ја напуштите вашата дневна. Доколку ова не ви е доволно, втората сезона е тука со голф, скијање, американски фудбал, бејзбол и пикадо.
Авантури и трки со коли
Имате голем натпреварувачки дух? Соберете ги најблиските пријатели и организирајте необични натпревари кои ќе се паметат долго. Играта Авантура ви овозможува неколку различни предизвици за кои ви е потребна голема кондиција за да ги завршите до крај. А за трката со коли – па, веќе сè е кажано со името, но не заборавајте дека и во овој случај седењето е забрането…
Танцување
Игрите „Dance Central“ и „Dance Evolution“ се едни од најдобрите кога станува збор за танцување. Од вас се бара чекор по чекор да научите цела кореографија и потоа да „настапувате“ за да собирате поени. Овие игри се одлична забава и секако ќе ви помогнат многу при одржување на вашата кондиција.
Зумба, фитнес и аеробик
Сакате да почнете да вежбате, но сè уште не можете да се одлучите каде… Овој вид игри за Kinect ви ги овозможуваат најдобрите вежби во вашиот дом. Сензорот го следи секое ваше движење и ве поправа доколку грешите, па можете слободно да го сметате и за ваш личен инструктор.
Зумбата има незаборавни кореографии кои брзо и лесно се учат, а игрите за фитнес и аеробик ви овозможуваат сами да изберете дали сакате вежби за слабеење, за кондиција или пак само да затегнете одредени делови од телото.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.