Белите фармерки ќе бидат вистински хит ова лето, па еве како да ги комбинирате
Сите ние како помали сме сакале да носиме нешто бело, и покрај тоа што белата облека е ноќна мора на секоја мајка која треба да ја одржува, особено кога децата сакаат да си играат секаде, само не на некое нормално и чисто место. Сега кога сте возрасни и самите се грижите за вашата облека, слободно можете да го облечете најмодерниот тренд за ова лето, белите фармерки. Во суштина, кога е во прашање нешто вака практично, нема многу простор за евентуални стилски грешки. Белите фармерки можете да ги комбинирате со сѐ, но кога станува збор за ова лето, еве неколку совети.
1. Класичните бели фармерки носете ги со едноставна црна блуза која на себе има занимливи детали како што се панделки, карнери, петелки. Ќе создадете одличен контраст. Кога станува збор за обувките, ако сакате да носите чизми до глуждовите дури и кога е топло, изберете ги оние со цветен принт, а ако избирате патики или сандали, одлучете се за сличен, впечатлив модел.
2. Во комбинација со белите фармерки секогаш можете да носите едноставна бела блуза. Она што ќе ја „зачини“ комбинацијата е кожната јакна (јакна во моторџиски стил е секогаш одлична идеја) и масивните обетки. Тоа е доволно за оваа сведена модна комбинација да стане впечатлива. Додајте ги на ова и вашите омилени очила за сонце и мала класична чанта и подготвени сте за освојување на градските улици.
Продолжете на следната страница за да погледнете како да ги комбинирате широките бели фармерки, но и како да ги вклопите во работните модни комбинации.