Бел јасмин: Издржлив цвет од кој ќе замириса целата просторија
Јасминот е растение од кое се прават парфеми, масла и чаеви, од кое мирисаат цели цветни леи и балкони, а со својата елеганција се вклопува во секој простор.
Постојат повеќе од 200 вида див јасмин, а во нашите предели најпознат е обичниот или белиот јасмин. Овој јасмин може да порасне до метар и половина, а кога цвета, обично е во групи од три до пет цвеќиња. Има силен, сладок мирис и цвета во текот на мај и јуни.
Потребно е редовно наводнување и годишно кастрење за да се подобрат растењето и цветањето. Јасминот сака сончеви места, но освен споменатото кастрење, не му е потребна посебна грижа.
Ако сте одлучиле да ги разубавите вашата градина или вашиот балкон со јасмин, изберете сончеви и топли места. Сепак, најдобро е да го засадите во саксии бидејќи на јасминот му пречат мраз и студени ветрови, а снегот може да ги оштети лисјата.
Откако ќе го засадите, обидете се да го чувате на тоа место колку што е можно подолго. Ако неговото живеалиште се промени нагло и премине од сончево подрачје во потемно, растението ќе доживее шок и ќе се појават дамки на неговите лисја.
По завршувањето на цветањето, треба да се направи кастрење за да даде мирисливи и убави цвеќиња и следната година. Во текот на зимските месеци, лисјата ја менуваат бојата, па стануваат црвеникави.
Прочитајте и за герберите – цвеќиња создадени за најслатките букети.