Банана сплит торта: Неодолив десерт што сите го обожаваат
Погледнете го овој рецепт и направете го десертот што им е омилен на сите генерации.
Потребни состојки:
За кора:
- 7 белки
- 7 лажици шеќер
- 2 лажици какао
- 10 лажици ореви
- 3 лажици брашно
- 1 прашок за печиво
За фил:
- 7 жолчки
- 700 милилитри млеко
- 2 пудинзи од банана
- 4 банани
- 30 грама чоколадни трошки
- 250 грама маргарин
- 8 лажици шеќер
За декорација:
- 3 ќесички крем шлаг
- 250 милилитри млеко
- 100 грама чоколадо
- 1 лажица масло
Начин на подготовка:
Изматете ги жолчките, додајте го шеќерот и изматете ја смесата уште малку. Брашното измешајте го со какаото, со оревите и со прашокот за печиво и додајте ги изматените белки. Загрејте ја рерната на 200 °C. Во садот за печење ставете хартија за печење, истурете ја смесата и ставете ја да се испече. Откако ќе се излади, исечете ја на половина надолжно.
За филот, ставете 600 милилитри млеко и шеќер и оставете да зоврие. Изматете ги жолчките и додајте го остатокот од млекото, повторно изматете и додајте го пудингот од банана. Откако млекото ќе зоврие, тргнете го настрана и полека додајте ги жолчките со млекото и цело време мешајте. Вратете ја смесата на тивок оган и варете додека не згусне. Откако ќе се излади филот, додајте ги изматениот маргарин и чоколадните трошки.
Намачкајте ја кората со половина фил, наредете ги бананите, а потоа премачкајте со останатиот фил и одозгора ставете го другиот дел од кората. Изматете го шлагот со млеко и украсете ја тортата, а одозгора прелијте ја со растопено чоколадо.
Погледнете го и овој рецепт за чизкејк со ликер од портокал.