Балкон полн со разнобојни цвеќиња и во текот на зимата: Растенија што можат да преживеат на мраз и на ниски температури

Балкон полн со разнобојни цвеќиња и во текот на зимата: Растенија што можат да преживеат на мраз и на ниски температури

Постојат растенија што може да им дадат убавина на просторот дури и во овој период од годината. Дури ни најниските температури не им можат ништо, а тие се исто толку убави колку оние што цветаат во потоплиот период од годината.

Зимски јасмин

 

View this post on Instagram

 

A post shared by arjansflowers (@arjansflowers)

Јасминот е поврзан со пролетниот период, но има еден вид што цвета исклучиво во зима. Ова растение е доста отпорно на ниски температури. Во зависност од температурата на околината, цвета од средината на зимата до средината на пролетта.

Циклама

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina (@bloomsandzooms)

Овој прекрасен цвет може да се најде во безброј бои и ќе го разубави секој простор. Идеалната температура за ова растение е од 10 °С до 18 °C во текот на денот и од 6 °С до 8 °C во текот на ноќта, но нема да му пречат ни температурите под нулата. Чувајте ги подалеку од извор на топлина и наводнувајте ги редовно бидејќи треба да имаат влажна почва.

Камелија

Времетраењето на цветањето е различно кај различни сорти, но обично трае од еден до три месеци. Камелиите сакаат влажен воздух, па затоа е корисно да ги прскате, но не за време на цветањето затоа што така се оштетува цветот.

Ерика

Ериката спаѓа во семејството зимзелени растенија. Цветот сака ладна и, пред сè, влажна клима. Од таа причина, кога ќе се појават цветовите, важно е да ги прскате за да ги задржите колку што е можно подолго.

Прочитајте кои 7 растенија имаат скриено значење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар